Доручек

Печена урда на тост

Вкусен специјалитет од урда и јајца на препечен леб.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • маслиново масло
  • 500гр. урда
  • 2 јајца, лесно изматени
  • 2 главици млад кромид, многу ситно исецкан
  • 1 лажичка буковец
  • сол и бибер
  • оригано
  • багет леб

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте со масло едно огноотпорно тавче.
Во еден сад измешајте ги урдата, јајцата, млад кромид и буковец. Зачинете со сол и бибер по вкус. Префрлете ја смесата во подготвеното тавче. Печете ја урдата во рерна 30 минути.
Потоа оставете ја дополнителни 30 минути да се излади.
Во меѓувреме исечете го багет лебот на парчиња. Секое парче премачкајте го со маслиново масло и зачинете го со бибер и оригано. Испечете ги парчињата леб на тост.
Послужете ја урдата со топол препечен леб. На здравје!

3 септември 2013 - 15:46