Тестенини

Пржени тестенини

Вкусна комбинација од тестенини и зеленчук со јајца.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 250гр. тестенини (препорака кинески тестенини, нудлс)
  • 1/4 главица зелка, ситно сецкана
  • 1 морков, рендан
  • 3 главици млад кромид, ситно сецкан
  • 40гр. брашно
  • 6 јајца
  • масло за пржење
  • 175гр. сланина, тенки парчиња

Подготовка

Сварете ги тестенините по упатството на ќесата. Процедете ги од водата и оставете ги малку да се изладат.
Во сад измешајте ги тестенините со зелка, моркови, кромид и брашно. Зачинете со сол и бибер. Добро измешајте ги за да се соединат. Изматете две јајца и додадете ги во мешавината од тестенини и зеленчук.
Загрејте масло во голема тава на средна јачина. Формирајте плескавици од смесата од тестенини и спуштете ги во тавата да се пржат. Внимателно притиснете ги со спатула. Пржете ги плескавиците од тестенини по 2-3 минути од секоја страна. Префрлете ги на чинија пбложена со хартија.
Загрејте масло во тава на силен оган. Испржете ја сланината додека да стане крцкава. Потоа во тавата испржете 4 јајца.
Поставете во чинија за сервирање по 2 плескавици од тестенини. Врз нив сервирајте едно јајце и додадете пржена сланина. Послужете ги веднаш.

12 јули 2013 - 16:46