За љубители на банани

Банана мафини

Вкусни и лесни мафини од банани со карамел прелив.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
35 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 100гр. путер
  • 100гр. кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 160гр. брашно
  • 1/4 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет
  • 150гр. испасирана банана
  • 140мл. јогурт

Прелив

  • 140гр. кафеав шеќер
  • 100мл. хопла
  • 25гр. путер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намрсете со малку масло тавче за 6 мафини.
Со миксер изматете го путерот и шеќерот додека да добиете кремаста смеса. Додавајте ги јајцата едно по едно и продолжете со матење.
Во еден сад измешајте го брашното со прашок за пециво и цимет. Додавајте од брашното една по една лажица во смесата од путер и јајца и добро измешајте за да добиете изедначено тесто. На крај додадете ја пасираната банана и јогуртот и измешајте. Со лажица распоредете ја смесата во тавчето за мафини.
Печете ги мафините 30-35 минути. Оставете ги да одстојат 5 минути пред да ги извадите од калапот.
Во меѓувреме пригответе го преливот. Во едно тавче на слаб оган измешајте путер, шеќер и хопла. гответе ја смесата со постојано мешање 3-4 минути додека да се растопи шеќерот. Зголемете ја јачината на ринглата и зовријте го сосот. Гответе го уште 4-5 минути за малку да се згусне.
Псолужете ги мафините со по една лажица од преливот.

10 јули 2013 - 07:00