Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 800гр. компири, излупени и исецкани
- 150мл. загреано млеко
- 4 пилешки гради
- 2 парчиња пршута, пресечени по должина
- 100гр. спанаќ
- 60гр. сирење, изронето
- 80гр. брашно
- 150гр. лебни трошки
- 1 јајце, лесно изматено
Подготовка
Ставете ги компирите во длабоко тенџере и облијте ги со студена вода. Одкако ќе зоврие водата варете ги 15 минути за да омекнат. Потоа процедете ги. Вратете ги во тенџерето и ставете ги на загреана рингла. Промешајте ги околу 1 минута за да испари вишокот на вода. Потоа тргнете ги од рингла. Испасирајте ги компирите за да добиете пире. Додадете загреано млеко и зачинете ги си сол и бибер.
Ставете ги пилепките стекови помеѓу две пластични фолии и притиснете ги со сукало додека да добиете дебелина од 1см. Врз стековите поставете пршута и поделете го изронетото сирење и сецкан спанаќ. Зачинете со сол и бибер. Замотајте ги стековите и прицврстете ги краевите со чепкалка.
Ставете го брашното во една плитка чинија а лебните трошки во друга. Панирајте го пилешкото во брашно, јајце и лебни трошки. Загрејте масло во поголема тава на среден оган. Пржете го пилешкото по 6 минути од секоја страна додека да добиете златно жолта боја.
Послужете го пилешкото со пире и зеленчук по ваш избор.