Премиер лигата на погон на азиски пари

Клубовите од Премиер лигата летово на купување играчи потрошија 622 милиони долари повеќе отколку што заработија од продажба, разлика која можат да си ја дозволат заради парите што ги добиваат од Азија.

Меѓу 2013-та и 2016-та, лигата ќе заработи 3,4 милијарди долари од продажба на телевизиските права во странство. Од овие пари 1,4 милијарди доаѓаат од телевизиите од Азија, што е 77% повеќе отколку што Премиер лигата добиваше од овој регион со договорот 2010-2013.

Најголемите зделки доаѓаат од југоисточна Азија:

- Тајланд (320 милиони долари)
- Сингапур (297 милиони долари)
- Хонгконг (200 милиони долари)
- Малезија (200 милиони долари)
- Индија, Пакистан, Бангладеш, Шри Ланка, Непал, Бутан, Малдиви (145 милиони долари)

Истиот овој период Европа ќе плати 897 милиони долари за да гледа англиски фудбал, а најмалку ќе плати Јужна Америка каде телевизиските права се продадени за 150 милиони долари.

Во идните 3 години цената за Балкан (Македонија, Србија, Босна, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Косово) е помеѓу 10 и 20 милиони евра, а ги имаат купено IMG media.

Меѓу парите што англиските клубови ги потрошија летово се:

- 30 милиони фунти за Вилиан од Анжи во Челзи
- 42 милиони фунти за Озил од Реал во Арсенал
- 18 милиони фунти за Мамаду од ПСЖ во Ливерпул
- 30 милиони фунти за Фернандињо од Шахтјор во Манчестер сити
- 27,5 милиони фунти за Фелани од Евертон во Манчестер Јунајтед
- 30 милони фунти за Ламела од Рома во Тотенхем
- 26 милиони фунти за Солдадо од Валенсија во Тотенхем

 

 

16 септември 2013 - 18:04