Мафини

Мафини со тиквици

Солени мафини со тиквици и сирење.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

12 лица

Состојки

  • 1 лажичка маслиново масло
  • 1 парче сланина, исецкана
  • 60гр. рендана тиквица
  • 120гр. брашно
  • 1 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 50мл. сончогледово масло
  • 200мл. млеко
  • 2 јајца лесно изматени
  • 50гр. рендано сирење

Подготовка

Загрејте маслиново масло во тава на силен оган. Пржете ја сланината 5 минути. Потоа оставете ја да се излади.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете калап за 12 мафини со хартија за печење.
Исцедете го вишокот на вода од изренданите тиквици. Во длабок сад измешајте брашно и прашок за пециво. Во брашното додадете масло, млеко и јајца. Добро измесете ја смесата. Потоа додадете ја сланината, тиквиците и сирење. Промешајте за да се распоредат рамномерно низ тестото.
Со лажица поделете ја смесата во калапите. Печете ги мафините 20 - 22 минути додека да добијат златно жолта боја. Оставете ги да одстојат во калапите 5 минути пред да ги извадите.
На здравје!

30 август 2013 - 09:52