Доручек

Марокански јајца

Јајца со колбаси и зеленчук.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 главица црвен кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 3 свински колбаси
  • 1 кулен
  • 2 лажици маслиново масло
  • 800гр. домати од конзерва (пелати)
  • 4 јајца
  • 4 парчиња селски леб
  • кисело млеко за сервирање

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исецкајте го кромидот. Пиперката исчистете ја од семето и исецкајте ја на тенки парчиња. Исецкајте колбаси и кулен. Количината е произволна по вкус.
Загрејте 1 лажица масло во тава на среден оган. Пржете ги куленот и колбасите по 3 минути и потоа извадете ги на хартиена салфета за да се исцеди вишокот на масло.
Во тавата пржете го кромидот и пиперката околу 6 минути со мешање. Додадете ги пржените колбаси и кулен и сецкани домати. Кога смесата ќе зоврие гответе ја уште 5 минути за да згусне. Зачинете со сол и бибер.
Поделете ја смесата во 4 помали огноотпорни садови за печење. Направете со лажица дупка во средината и внимателно скршете по едно јајце. Печете ги во рерна 10 минути.
Послужете ги јајцата топли со кисело млеко и препечен селски леб.

30 август 2013 - 12:33