Имајќи ги предвид неодамнешните истражувања и откритијата за штетниот пристап што го застапуваат WPATH (World Professional Association for Transgender Health) и нивните следбеници, ние, долупотпишаните, ги повикуваме медицинските професионални организации во САД да ја следат науката и нивните европски професионални колеги и веднаш да престанат со промоција на социјална афирмација, блокатори на пубертетот, крос-полови хормони и операции... Наместо тоа, овие организации треба да препорачаат сеопфатни евалуации и терапии насочени кон идентификување и справување со основните психолошки коморбидитети и невродиверзитет кои честопати ја предиспонираат и ја придружуваат родовата дисфорија.
Ги повикуваме членовите на тие организации да контактираат со нивните раководства и да ги повикаат да се придржуваат до истражувањата засновани на докази што сега се достапни.
Полот е поврзан со биолошката улога на организмите за репродукција: машки и женски. Тој генетски потпис не може да се менува со лекарства или со операции.
Донесувањата медицински одлуки треба да се темелат на индивидуалниот биолошки пол, треба да ја почитуваат биолошката реалност и достоинството на човекот во неговата целост.