Мини пити

Декоративни пити

Мини пити со аспарагус.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
55 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 7-8 парчиња аспарагус, исечени на половинки по должина
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 мала главица праз, ситно сецкан
  • 4 листа готови кори за баклава
  • малку масло за подмачкување
  • 100гр. крем сирење (може класик или со зеленчук)
  • 5 јајца
  • 80гр. зелена салата за прилог

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте тавче за поголеми мафини. Загрејте вода во тенџере на силен оган. Сварете го аспарагусот 1 до 2 минути за да омекне. Потоа процедете го од водата.
Загрејте масло во тава на силен оган. Пржете го празот 5 минути. Потоа оставете го 10 минути за да се излади.
Поставете 1 кора на рамна површина. Премачкајте ја со малку масло. Одозгора ставете ја втората кора и пак премачкајте ја. Повторете ја постапката со останатите кори. Пресечете ги наредените кори на квадрати и притиснете ги во калапите за мафини.
Внатре наполнете ги со праз. Одозгора додадете аспарагус и кремсирење. Изматете ги јајцата во сад зачинети со сол и бибер. Прелијте ги јајцата врз секоја од питите.
Печете ги мини питите со аспарагус 15 минути додека да добијат златно жолта боја.
Послужете ги веднаш со свежа салата.

5 октомври 2013 - 01:10