Необични мафини

Печени јајца во лиснато тесто

Интересна и вкусна закуска.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 1 кромид, исецкан
  • 1 лажица маслиново масло, плус уште малку за премачкување
  • 3 листови лиснато тесто
  • 200гр. рендана шунка
  • 4 лажици сецкан босилек, плус ливчиња за декорација
  • 12 чери домати, преполовени
  • 6 јајца

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Загрејте масло во тава на среден оган и пржете го кромидот 5 минути додека да омекне и добие златно жолта боја. Тргнете го на страна.
Премачкајте со малку масло 6 поголеми калапи за мафини. Пресечете ги листовите лиснато тесто на половина. Превиткајте еден лист на половина и со него обложете еден калап. Исечете малку од вишокот лиснато тесто но сепак оставете малку над калапот за да добие форма на чашка.
Повторете ја постапката со останатите калапи. Во секоја чашка лиснато тесто поделете кромид, шунка, босилек и домати. Најгоре скршете по едно јајце и внимавајте да остане цело. Печете ги мафините во рерна 25 минути.
Декорирајте ги со ливчиња босилек и послужете ги веднаш.

23 мај 2013 - 07:00