Кој играше највалкан фудбал во Премиер лигата

Магазинот „Тalksport" направи листа со сите 20 клубови од англиската Премиер лига од која ќе видиме кои екипи играле чисто и со помалку фаули, а кои се покажале како најгруби на теренот во текот на целата сезона.

Начинот на кој е составена оваа листа е со помош на направените фаули, како и добиените жолти и црвени картони кои ги добиле фудбалерите во текот на сезоната 2012/2013. Од тие податоци „Тalksport" направиле листа со поени од кои 1 поен оди за фаул, 3 поени за жолт картон и 6 поени за црвен картон.

Според овие показатели наградата за тим кој се покажал со најфер плеј игра му припаѓа на Ридинг кој на 38 меча направил 394 фаули, добил 45 жолти и само еден црвен картон.

Фудбалерите кои се покажале исто така како помалку груби се „Топџиите" кои се наоѓаат на второто место со 383 направени фаули, 42 жолти и 5 црвени картони.

Веднаш зад Арсенал се наоѓа тимот на Саутемтон со 383 фаули, 42 жолти и и 5 црвени каротни, а потоа следи шампионот Манчестер Јунајтед кој ги фаулирал противничките фудбалери 377 пати, а за тие прекршоци добил 57 жолти и еден црвен картон.

На првото место на оваа непопуларна табела е тимот на Стоук кој се покажале како најгруба екипа во првнеството која се послужила со дури 485 фаули и за кои од судиите добиле 78 жолти и 4 црвени картони. Втората екипа со најгруб фудбал е Њукасл со 466 фаули, 71 жолт и 4 црвени картони.

1. Стоук 743 поени (394 фаули, 78 жолти, 4 црвени картони)

2. Њукасл 703 поени (466 фаули, 71 жолт, 4 црвени картони)

3. Вест Хем 699 поени (471 фаули, 74 жолт, 1 црвен картон)

4. Астон Вила 689 поени (455 фаули, 72 жолти, 3 црвени картони)

5. Манчестер Сити 674 поени (470 фаули, 62 жолти, 3 црвени картони)

...

18. Саутемптон 554 поени (411 фаули, 43 жолти, 2 црвени картони)

19. Арсенал 539 поени (383 фаули, 42 жолти, 5 црвени картони)

20. Ридинг 535 поени (394 фаули, 45 жолти, 1 црвен картон)

30 мај 2013 - 13:29