Фразата „Студена зимска ноќ во Стоук“ еднаш ја искористи коментаторот Енди Греј и таа е синоним за традиционален фудбал, со пивце, гостување, воз, другари и песна. Далеку од комфорот и удобноста на топлите ВИП ложи каде се гоштеваат бизнисмените кои не го чувствуваат фудбалот со душа, па би да прават пари од него.
Корнер, забивање со глава, парада, петица, статива, ножички, па пак одбрана. Тоа се од прилика тие елементи кои треба да ги содржи еден карамбол, кој го имаше на мечот Хадерсфилд - Стоук.
Изворите на твитерџијава пред 6 дена му кажале дека Манчестер Јунајтед ќе загуби од Стоук со 2:0, головите ќе ги постигнат Кркиќ и Арнаутовиќ, а Луи ван Гал следниот ден ќе биде отпуштен. Останува да видиме дали ќе се случи уште последното.
Магазинот „Тalksport" направи листа со сите 20 клубови од англиската Премиер лига од која ќе видиме кои екипи играле чисто и со помалку фаули, а кои се покажале како најгруби на теренот во текот на целата сезона.
Јоан Кабај од Њукасл и онака има опасен шут, па ако си голман кога тој треба да изведе слободен удар од работ на шеснаесетникот, последно нешто што ти треба е некој да ти се глупира пред тебе. Голманот на Стоук, Асмир Беговиќ се обиде да го игнорира Стивен Тејлор, но не успеа.