Американски палачинки

Овошни палачинки

Палачинки со мешано шумско овошје.

Време на подготовка:
45 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
55 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 250гр. брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 350мл. јогурт разреден со вода
  • 40гр. путер
  • 200гр. замрзнато мешано шумско овошје (по ваш избор)
  • 250мл. мед
  • 1 лажичка ванила екстракт

Подготовка

Ставете го брашното и прашокот за пециво во еден сад. Додадете го јајцето и јогуртот и мешајте додека да се соединат. Кога добро ќе го измешате оставете го тестото да одстои 30 минути.
Растопете го половина од путерот во поголема тава на среден оган. Во тавата додадете 1/4 од смесата за палачинки. Одозгора додадете замрзнато шумско овошје. Печете ја палачинката 1 минута додека да се појават меурчиња на површината од тестото. Потоа превртете ја и печете ја уште една минута од другата страна. Префрлете ја во чинија и покријте ја со фолија.
Повторете ја постапката со остатокот од тестото. Ставете го медот во мало тавче. Додадете ванила екстракт и гответе го на тивок оган околу 2 минути за да се загрее и растопи.
Послужете ги палачинките прелиени со медот со ванила.

5 октомври 2013 - 01:13