Македонските фудбалери ептен се заморија и на 8 декември заминаа на заслужен одмор кој ќе трае до 2 март. Тие ќе одмораат дури 84 денови, со што македонското фудбалско првенство ја има можеби најдолгата пауза во Европа.
За разлика од нив, Англичаните ја продолжуваат својата традиција и не паузираат за Божиќ, па дури ни за Нова година.
Денес, на нивниот т.н. "Boxing day", тие ќе ги одиграат натпреварите од 18-то коло на Премиер лигата. Веќе викендов на програмата е следното коло, а додека сите се трезнат од прославата на Новата година, Англичаните ќе одиграат уште едно коло на 1 јануари.
За една недела тие ќе одиграат три кола, па дури потоа им следува пауза од дури 10 дена.
Освен фудбалерите од Велика Британија, денес ќе се одиграат натпревари и во Белигја и Италија, па имаме богата понуда на Типстер.