Правила за Типстер

Натпреварувањето е отворено за сите заинтересирани. Регистрацијата ќе се врши со поврзување на Фејсбук профилот, а по регистрирањето секој корисник ќе може да го смени корисничкото име и профил сликата со кои ќе биде најавен на Типстер.

Корисниците ќе можат да типуваат на сите натпревари од најсилните европски лиги и одредени дерби натпревари од други лиги, сите натпревари од Лигата на шампиони и Лига Европа, како и натпреварите на националните тимови.

Учесниците ќе имаат пристап до сите статистики и рангирања: најмногу типувани натпревари, број на корисници кои типувале одреден натпревар, број на вложени кредити на одреден тип, актуелни влогови и историја на корисник, месечно рангирање и севкупно рангирање.

Правила:
- Секој корисник почнува со 500 кредити.
- Типувањето може да се врши до 5 минути пред почетокот на натпреварот.
- Максимален влог за тип е 10 кредити. Корисникот може да вложи најмногу 10 кредити на конечен тип и уште најмногу 10 кредити на број на голови на натпревар.
- По поставување на влогот, истиот не може да се менува.
- Ако натпреварот е одложен и не се одигра во рок од најмногу 12 часа, вложениот тип се пресметува со коефициент 1.

Бодување:
Системот на бодување е ист со вистинското обложување (кредити = пари).

Пример: Арсенал - Челси
Ставаш 5 кредити на нерешено на коефициент 3.
Доколку натпреварот заврши нерешено, заработуваш 10:

5 (влог) х 3 (коефициент) = 15 кредити
15 - 5 (влог) = 10 кредити чиста добивка.

Ако го утнеш типот, ги губиш вложените кредити.

Рангирање и победници:
- Рангирањето на корисниците се врши според бројот на кредитите. Во случај на ист број на кредити, подобро рангиран ќе биде оној корисник со поголем број на типувани натпревари.
- Победници на месечните натпревари ќе бидат корисниците со најмногу кредити освоени во одреден месец и со минимум 15 типувани натпревари.
- Победници на натпреварот на крајот од сезоната ќе бидат корисниците со најмногу кредити освоени во текот на сезоната и со остварени минимум 100 типувани натпревари.

играј | упатство за играње | правила

18 октомври 2013 - 16:14