Манчестер Јунајтед му плати околу 30 милиони евра на Арсенал за Робин ван Перси, но оваа инвестиција и тоа како вредеше. Тој не само што постигна 26 голови и беше клучен при освојувањето на 20-та титула, туку веднаш почна и да ги враќа парите во клупската каса со продажбата на дресови.
Дресот на Робин ван Перси е убедливо најпродаван во Премиер лигата за изминатата сезона. Од сите продадени дресови во Премиер лигата, дури 25,4% биле со неговото име.
Со огромно заостанување следат Џерард со 8,2% и Руни со 6% од продадените дресови во Англија.
Интересен е фактот што 10-те фудбалери кои продале најмногу дресови, имаат продадено 61,65% од сите дресови, односно сите останати околу 500 регистрирани фудбалери во Премиер лигата заедно имаат продадено само 38,35%.
Најпродавани дресови во Премиер лигата:
1. Робин ван Перси - 25,4%
2. Стивен Џерард - 8,2%
3. Вејн Руни - 6%
4. Шинџи Какагав - 5,8
5. Луис Суарез - 3,6%
6. Еден Азар - 3,1%
7. Пол Сколс - 2,7%
8. Фернандо Торес - 2,5%
9. Серхио Агуеро - 2,25%
10. Лукас Подолски - 2,1%