Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 20гр. путер
- 2 главици громид, крупно исецкан
- 1 лажица кафеав шеќер
- 1 лажица оцет балсамико
- 2 говедски стека (околу 500гр.)
- 8 парчиња леб
- 2 печени кисели пиперки од тегла, крупно сецкани
- 40гр. рукола
- пржени или печени компири како прилог
Мајонез од пипер
- 1 жолчка од јајце
- 1 чешне лук, ситно сецкан
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажица доматен сос
- 1 лажичка сенф
- 1 лажичка црвен пипер
- 125мл. масло
Подготовка
За да го приготвите мајонезот во блендер изматете ги жолчката, лук, сок од лимон, доматен сос, сенф и пипер. Кога ќе се измати смесата постепено додавајте го маслото и непрекинато матете ја смесата. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Растопете го путерот во голема тава на среден оган. Пржете го кромидот околу 10 минути додека да омекне. Додадете шеќер и оцет балсамико и гответе со мешање уште 5 минути за да се карамелизира кромидот. Потоа префрлете го во чинија.
Со остар нож расечете ги стековите по должина за да добиете 4 тенки парчиња. Загрејте електрична скара на најсилно. Зачинете ги стековите со сол и бибер и печете ги на скарата од двете страни. Печете ги по околу 5-6 минути од секоја страна или додека да се испечат по ваш вкус. Префрлете ги во чиниија и покријте ги со алуминиумска фолија. Оставете ги да одстојат 5 минути.
Ставете ги парчињата леб на скарата за да се потпечат. Наредете по едно парче печен леб во чиниите за сервирање. Премачкајте ги со мајонез. Додадете стек, карамелизиран кромид, сецкана пиперка и рукола. Преклопете ги со по едно парче леб за да добиете сендвичи.
По желба послужете ги сендвичите со пржени или печени компири.
На здравје!