Премиер лигата ќе го сруши рекордот во трошење пари

На неколку денови до затворање на трансфер периодот, клубовите од Премиер лигата се на добар пат да го срушат рекордот во трошење на пари за нови фудбалери.

Според пресметките на ревизорската куќа Делоит, клубовите од Премиер лигата до сега имаат потрошено вкупно 430 милиони фунти. Оваа сума е за дури 20% повисока од сумата потрошена за трансфери во истиот период минатата година.

Трансфер периодот трае до понеделник на полноќ, односно вкупната сума ќе биде значително поголема. Минатите две сезони само во последниот ден од трансфер периодот се трошеле по повеќе од 100 милиони фунти, што значи дека вкупната сума ќе ги надмине рекордните 500 милиони фунти колку што беа потрошени во 2008. година.

Топ трансфери во Премиер лигата:
1. Фернандињо - од Шахтар во Манчестер Сити за 40м€
2. Вилиан - од Анжи во Челси за 38м€
3. Роберто Солдадо - од Валенсија во Тотенхем за 30м€
4. Ерик Ламела - од Рома во Тотенхем за 30м€
5. Стеван Јоветиќ - од Фиорентина во Манчестер Сити за 26м€
6. Алваро Негредо - од Севиља во Манчестер Сити за 25м€
7. Андре Шурле - од Баер Леверкузен во Челси за 22м€
8. Хесус Навас - од Севиља во Манчестер Сити за 20м€
9. Паулињо - од Коринтијанс во Тотенхем за 19м€
10. Енди Керол - од Ливерпул во Вест Хем за 17м€

30 август 2013 - 15:38