Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
60 мин.
Вкупно време:
1 ч. 30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 265гр. брашно
- 125гр. путер
- 2-3 лажици ладна вода
- 4 парчиња сланина, ситно сецкана
- 65гр. рендан кашкавал
- 350гр. сецкани брокули
- 4 јајца
- 125мл. хопла
Подготовка
Изматете ги брашното и путерот за да добиете смеса што наликува на трошки. Потепено додадете вода и матете за да се соедини смесата. Исукајте кора од тестото со дебелина од околу 5 мм. Обложете правоаголно тавче со хартија за печење и во него поствете ја кората. Ставете ја во фрижидер 30 минути.
Во длабока тава на силен оган испржете ја сланината 3-4 минути. Префрлете ја на чинија обложена со хартиена салфета.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Извадете го тестото од фрижидер и печете го во рерна 20 минути. За да не нарасне за времена печењето можете да го покриете со хартија за печење и одозгора да истурите ориз. На тој начин додека се пече тестото ќе остане вдлабнатина. Потоа намалете ја јачината на рерната на 180 степени.
Врз печеното тесто за пита ставете половина од сланината и половина од кашкавалот. Одозгора ставете ја ситно сецканата брокула. Изматете јајца и хопла. Истурете ја смесата врз брокулата. Одозгора додадете го остатокот од сланина и кашкавал. Печете ја питата 35 минути.
На здравје!