„Американска утопија“ се случил непланирано. Брајан Ино му пратил неколку снимки со тапани, Брн почнал да експериментира, и одеднаш добил десет нови песни. Реалист, но не и циник или песимист, тој и овој пат го истражува моментот во кој живееме, велејќи во една од песните: „Ние сме туристи во овој живот/Само туристи, ама глетката е фина“.
Пред некое време пишувавме за тоа како светот го преведе shithole на Трамп, опис кој тој го употреби за Хаити, Ел Салвадор и земјите од Африка. Хрватска го искористи сочното „вукојебина“, Финска „шупачки држави“, кај нас „дупки“ или „свирипичино“. Но каква е историјата на англискиот термин?
Во сатиричната колумна која комичарот Енди Боровиц ја пишува за Њујоркер, „Боровиц рипорт“, тој ја дефинира главната линија на раздор помеѓу Трамп и неговата можна конкурентка во претседателските избори 2020 - тој мрази книги, таа има читачки клуб. И тоа би требало да е доволно за Американците кога следниот пат ќе гласаат.
Дали може список кој содржи ставки од типот „менувај чорапи“ да биде водилка за Новата? Може, особено ако тоа е комбинирано со „читај добри книги“ и „одржувај ја машината на надежта“. И ако е напишан од Вуди Гатри.
Тероризам, ИСИС, уште тероризам, Трамп, Брегзит, смрт на славни личности. 2016 изгледа дека не можеше да биде полоша. Стивен Пинкер вели - чашата е сепак полуполна, ама само ако заедно ја наполниме.
При крајот на годинава медиумите се обидуваат од петни жили да направат списоци на фини вести и настани кои се случиле во исто време додека нè навјасуваа лошите, само за некако да ја смалат горчината која таа ни ја остава во устата. Некако тешко им оди.
Знаеме дека ве удавивме со различни зборови на годината - од англиските пост-вистина и снегулка, „германското“ флај и австралискиот демократски колбас. Но овој некако ни изгледа дека најреално го опишува чувството со кое ја завршуваме годината. Дека таа беше - надреална.
„Град без Евреи“ премиерно се прикажал во Виена во 1924. Сега неговата оригинална верзија, која била загубена цели деведесет години, е реставрирана и спасена од заборав.
Младиве се за греота. Затворени по дома, водејќи виртуелни животи, тие не се соочени со реалниот свет, во кој треба да покажеш издржливост, храброст и одлучност. Мислејќи дека се посебни - каква што е наводно секоја снегулка - тие се ранливи, и лесно се топат. Не дека нема такви и возрасни.
Театарските претстави, како јавни настани, се податни за изразување политички ставови, или барем за привлекување внимание. Неодамнешните случувања околу мега-популарната претстава за создавањето на американската нација повлече дискусија за функцијата на театарот денес.
Навикнати сме класичната музика, особено операта, да се занимава со метафизички теми, метафорично прикажани низ ликови и теми од историјата. Но она што денес изгледа како банална актуелност, утре ќе биде историја. Полна метафизика.
Кога на почетокот на годинава беа укинати авторските права на книгата на Хитлер, беше издадена ново, анотирано издание, кое веднаш стана бестселер. Сега тоа доби и значајна академска награда во Германија. Тајмингот, велат, не можел да биде подобар.
Доналд Трамп, чиј лик и дело беа мета на силни иронии, цинизми и сарказми од страна на неговите противници, сепак успеа да влезе во Белата куќа. Ш’о така?
Во текот на финалната претседателска дебата Трамп ја нарече Хилари „гадна“ жена. Нејзините приврзанички едвај дочекаа повод и самите да изјават - да, и тие се гадни и опасни. Дали ова се навистина навредливи зборови кога се применети на жени?
Документарецот-изненадување, кој почнал да се снима пред само 12 дена, е многу повеќе обид Мур да ѝ помогне на Хилари Клинтон пред финишот во претседателската трка, отколку што е некаков портрет на Трамп. Ама па не дека е многу нежен кон него.
На роденденска забава ден пред доделувањето некој ме праша кој ќе го добие Нобелот за книжевност оваа година. Претпоставката, која и не беше моја туку собрана по некое интернет сокаче, е дека ќе биде Американец, бидејќи последен пат кај нив „се паднала“ пред 23 години. „Можеби Дилан?“, праша некој. „Ааа не“, реков, „нема шанси“.
Прво мислевме дека е зафрканција, ама излезе стварно - пред скоро 150 години анонимен автор ја објавил „Чудниот Трамп“ (The Odd Trump), роман чиј главен јунак се вика Трампли Вејлс (скратено - Трамп). А најинтересно е името на ликот со кого тој постојано се расправа.
„Уметноста на договорот", објавена во 1987, која помина 51 недела на бестселер листата на Њујорк Тајмс, направи Американците во Трамп да гледаат шармер со неверојатно чувство за бизнис. Ко-авторот, а всушност вистински автор на книгата, Тони Шварц, сега вели дека со неа ставил „кармин на свиња".
Од една страна, мимикрирањето на политичка сатира во форма на детски сликовници е симпатично, можеби на долги стази и поучно. Од друга страна, мора ли и децата да ги заморуваме со истите ликови со кои сме опседнати ние?
Ноам Чомски го нарече „посмртно ѕвоно за човечкиот вид". Стивен Кинг и уште 450 американски писатели потпишаа петиција против неговата кандидатура. Нo има и такви писатели кои велат дека, за арно или за лошо, тој до сега не направил ништо што е против принципите на демократијата.
Филозоф, професор, активист, Вест е познат по неговите теориски дела, но и по настапите по различни социјални и политички поводи, со инспиративни говори кои по интензитетот и драматургијата личат на проповеди на баптистички свештеник. На 21 мај во театарот Аполо тој направи и нешто повеќе - рецитираше поезија придружен од џез бенд, играше на фанк ритам, па дури испеа и еден блуз.
Пред неколку дена во еден њујоршки парк се одржа „Сакам да кажам", уметничко-активистички проект, преку кој жителите на овој град им испратија пораки на нивните претседателски кандидати. Куцани на хартија, за да бидат сфатени посериозно од дигитална порака или коментар, кои денес можат да кренат прашина, а утре никој веќе да не ги памти.
Претседателските кампањи можат да инспирираат луѓе да гласаат, да се черачат со противници на социјални мрежи, да гледаат повеќе вести, да се изолираат во некоја недојдија без ви-фи, ама да компонираат? Џез пијанистот Марк Робертс на трката за претседател на САД реагира токму така, со музика.
Режисерот и уметник од Лондон, Гај Ларсен, во сликовница која и не е баш за деца, тврди дека виновник за проблемите со трамповата зла личност и исто такво дело лежи во неговиот заштитен знак - мистериозната коса.