Всушност, Трамп е сосема ок човек, вели Ларсен, но злото во него го поттикнува неговата „руса, расистичка ариевска перика".
„Го гледав Доналд Трамп и го следев начинот на којшто тој ги манипулира медиумите. Си помислив - тој е таков лик што веќе не верувам дека зад неговите постапки стои само тој. Можеби сето тоа му доаѓа од периката? Така настана оваа книга".
Ларсен вели дека немал потреба да го гради ликот на Трамп, бидејќи тој сам по себе е веќе фино формиран злобен карактер. Единствено што било потребно за возрасните да го доживеат како некој што ги плашел во детството било да му се даде сатиричен спин. Истовремено, фактот што Трамп беше славна личност и пред кандидатурата за претседател прави луѓето да го доживуваат како некој што добро го познаваат, притоа мешајќи ги сферите на политиката и на забавата.
И покрај штетата што ја предизвикува неговата кампања, вели Ларсен, важно е да не престанеме да му се смееме - тој ќе стане сериозен кандидат за претседател во моментот кога ќе биде сфатен како таков. За до тоа да не дојде, тука е сликовницата, која неправедно, но ефектно, за сето зло обвинува една перика.
Видео претставување на книгата: