Како сè светот го преведе „shithole“ на Трамп

И без многу разбирање англиски јасни ти се двата зборови од кои е составен терминот што американскиот претседател пред некој ден го употребил за Хаити, Ел Салвадор и земјите од Африка. Како и за добар дел пцовки и навреди, и за овој збор нема директен превод, без разлика дали е на македонски или кој било друг јазик.

Хрватите го искористиле „вукојебина“.

Кинезите имаат „земји што не ги бива“.

На Тајван е искористена фразата „земји во кои птиците не снесуваат јајца.“

Јапонија се решила за „држави гнасни како тоалет“.

Италија има слично решение во „тоалет држави“.

Мексико го користи „држави од гомно.“

Франција е со „гомно држави“.

Хаити буквално оди со „дупки со гомна“.

Финска го користи „шупачки држави“.

Израел го решава зборот со „посрани или срање“.

Иран е на „септички јами од држави“.

Кај нас доминираа „посрани земји“ или „дупки“, а Слободен печат значењето го долови со „свирипичино“.

виа

13 јануари 2018 - 19:07