Хенри Кисинџер еднаш бил прашан:
Што е „шатл“ дипломатија?
Кисинџер одговорил:
„Ова е универзален еврејски метод за решавање на кој било проблем. Ќе ви објаснам со пример. Ќерката на Рокфелер треба да се омажи за обичен Русин од далечно сибирско село. Како? Многу едноставно. Ќе одам во сибирско село, ќе најдам таму некој обичен Русин и ќе го прашам:
- Сакаш да се ожениш со убава американска Еврејка?
Ќе ми рече:
-Зошто?! Па, овде имаме поубави девојки.
- Да, но таа е ќерка на милијардер.
- Оооо, тоа ги менува работите!
Потоа одам во Швајцарија, на состанок на одбор на директори на голема банка и прашувам:
- Дали сакате да имате сибирски селанец за претседател на банката?
- Уф, не баш. — ми велат во банката.
- Добро, ама тој е зет на Рокфелер.
- Оооо, тоа ги менува работите.
Потоа одам кај Рокфелер и го прашувам:
- Дали сакаш да имаш руски селанец за зет?
- Зошто? Ние фамилијарно сме финансиери.
- Да, но овој е претседател на одбор на голема швајцарска банка.
- Оооо, тоа ги менува работите!
Ја вика Рокфелер ќерката и ѝ соопштува дека сум ѝ нашол вереник.
- Не сакам, сите тие финансиери се штребери, глупи и досадни.
- Да, ама овој е еден јак, крупен Сибирец.
- Уф, тоа ги менува работите...
************
Види и: