Лазе, чест ни е што бевме твои другари

Си земав за обврска од името на Драмската секција од 1973/4, во склоп на Гимназијата Браќа Миладиновци, Драчево, да ве контактирам. Тој, како Осман бег, Радмила како Цвета, Коко, како Спасе овчарот и останатите гимназијалци од втори, трети и четврти клас. Бевме први на тие смотри, па настапивме во Струмица, на Републичките Драмски Смотри, каде после бурна ноќ и гласање бевме неправедно втори, и не отидовме во Палермо.

Си земав за обврска од името на Драмската секција од 1973/4, во склоп на Гимназијата Браќа Миладиновци, Драчево, да ве контактирам.

Да изразиме огромно жалење, болка и почит за Лазе Манасков, од генерацијата 75, особено IV3  класот (Коко, Ефка, Пинки, Сајгон, Шајчето, Тоци, Дале, Радмила, Цаци, Невена, Сабит, Џанго, Мира) со кого заедно настапивме на Аматерските Драмски Смотри во 1973 година со преставата Македонска Крвава Свадба, од Војдан Чернидрински, а во изведба на Драмската секција при Гимназијата Браќа Миладиновци, Драчево.

Тој, како Осман бег, Радмила како Цвета, Коко, како Спасе овчарот и останатите гимназијалци од втори, трети и четврти клас. Бевме први на тие смотри, па настапивме во Струмица, на Републичките Драмски Смотри, каде после бурна ноќ и гласање бевме неправедно втори, и не отидовме во Палермо. Жирито беше во состав Петре Бакевски, .....? и Виолета Џолева. Режисер беше покоен Томе Богдановски-Алексовски, наставник по Македонски јазик и Литература, а асистент Благоја Марковски, од IV клас, кој подоцна дипломираше режија, за да по 2001 година се посвети на политиката.

На пробите во 25 Мај често присуствуваше и бардот на драмската уметност покојниот Горан Стефановски, тогаш, млад и сеуште непознат. 

Но, она што е важно, таа престава беше појдовната даска која го одреди животот на Лазе.

Чест ни е што бевме твои другари. 

Почивај во мир Лазе.

Димитриос,
Гимназија Браќа Миладиновци, Драчево

21 декември 2025 - 13:16