Пред некое време пишувавме за сликовница од еден лондонски уметник, во која тој тврди дека виновник за злото во Трамп е неговата мистериозна коса. Еве една нова книга која со време им го претставува републиканскиот претседателски кандидат на оние кои допрва ќе се стекнат со гласачко право.
Комичарот Мајкл Јан Блек и илустраторот Марк Розентал се автори на „Првата книга за Трамп на секое дете". Низ римувани стихови тие се обидуваат да објаснат кој е овој „чуден ѕвер", кого го нарекуваат Америкус Трумпус.
Трамп е претставен како портокалова топка со густа коса, стиснати усни и куси рачиња, како самоуверено пие шампањ. Тој нема друг живот освен оној пред камерите - едноставно трча кон секоја што ќе ја види. Единствено што знае да го каже е „Јас сум најдобриот!"
И покрај очигледната сатира, наменета пред сè за возрасните, во најдобрата традиција на детската литература книгата завршува со наравоучение. Таа ги советува читателите дека и покрај тоа што разумот и логиката сами го наметнуваат ова решение, најдобар начин да се спречи влијанието на Трамп е да се исклучи телевизорот. „Игнорирањето на Трамп е најголемиот страв на Трамп". Иако звучи некако контрадикторно, со оглед на тоа што авторите му посветиле цела сликовница. Книгата од печат излегува на 5 јули, под мотото „за хејтери и лузери".