На 1 јануари 1943, американската фолк музичка легенда Вуди Гатри во својот дневник составил листа на 33 „Новогодишни правила“. Илустрирани со симпатични цртежи, таа вклучува многу едноставни совети, кои ако доследно се спроведуваат гарантираат многу подисциплинирана, чиста и среќна нова година.
Еве ги во целост:
1. Работи повеќе и подобро
2. Работи според план
3. Миј заби, ако ги имаш
4. Бричи се
5. Бањај се
6. Јади добра храна - овошје, зеленчук, млеко
7. Пиј многу ретко, ако воопшто пиеш
8. Напиши песна секој ден
9. Носи чисти алишта - изгледај убаво
10. Гланцај си ги чевлите
11. Менувај чорапи
12. Често менувај постелнина
13. Читај многу и добри книги
14. Слушај многу радио
15. Запознај ги луѓето подобро
16. Одржувај го ранчот чист
17. Не биди осамен
18. Биди задоволен
19. Одржувај ја машината на надежта
20. Сонувај добри соништа
21. Штеди ги сите екстра пари
22. Чувај тесто за леб
23. Дружи се, но не губи време
24. Праќај пари на Мери и на децата
25. Свири и пеј добро
26. Танцувај подобро
27. Помогни да се добие војната - да се победи фашизмот
28. Сакај ја мама
29. Сакај го тато
30. Сакај го Пит
31. Сакај ги сите
32. Одлучи се
33. Разбуди се и бори се
Претходно: Чудната врска меѓу Вуди Гатри и татко му на Трамп