На Фајзер, кој постои од 1849, ова не му е прва епидемија, и некако успеа да има добитен кандидат во трката со вакцини (Бионтек) и со речиси 80.000 вработени минатата година имаше нето профит од 9,6 милијарди долари. Ама ги има и други.
Иако се чинеше дека со брзо произведените вакцини ќе го сардисаме вирусот, неговите нови варијанти односно соеви покажуваат дека тој не ни помислува да го предаде натпреварот. За новите играчи во екипата на вирусот.
Додека медицинските и здравствени експерти порачуваат луѓе да не пребираат каква вакцина ќе примат (таму кајшто можат да пребираат), неколку католички заедници во САД тврдат дека последната авторизирана вакцина за коронавирус, онаа на Џонсон и Џонсон, е морално компромитирана поради линкови со абортуси.
Во очи на премиерата на интервјуто на Хари и Меган со Опра каде меѓу друго се зборува и за британската династија, вработени на кралското семејство излегоа во јавност со обвиненија за малтретирање од страна на Меган, за што кралското семејство најави дека ќе започне истрага. Тоа што ги интересира другите семејства во Британија е каде е истрагата за принцот Ендру и Џефри Епстин?
Има добра и тажна вест. Добра вест е што мајмуните се први живи суштества што не се луѓе кои се вакцинирани од вирусот. Тажна вест сме ние тука, општо.
Иако се во првите борбени редови на пандемијата, иако се грижат за најранливите групи, половина од вработените во француските старечки домови изјавуваат дека нема да се вакцинираат.
Орбан уште со време реши дека вакцинацијата на унгарските граѓани му е поважна од правилата на ЕУ и нарача руски вакцини. Сега по сличен пат тргнаа и ЕУ тешкаши како Австрија и Данска.
Не дека некој имаше оптимистички очекувања, ама многу е полошо кога главниот глобален авторитет за здравство ќе ти потврди дека светот ќе мине уште една година во друштво на пандемијата.
Париз и околината викендите треба да ги минат под клуч како на почетокот од пандемијата, за да се намали ширењето на коронавирусот. Иако ова може е медицински исправно, човечки не се додржува.
Блумберг регистрира договори меѓу држави и фармацевтски компании за испорака на вакцини за коронавирус. Не само што оние кои досега ги добивме ги собираше во гепек, туку, според нивниот тракер, и оние кои во Македонија треба допрва да дојдат се очајно малку.
Бомбастичните предупредувања на луѓе како Макрон ѝ некои прелиминарни извештаи ѝ направија огромна штета на довербата во британската вакцина АстраЗенека. Германија трупа залихи, луѓе ја нејќат. Ете ни шанса бидејќи кај би завршило нешто што го нејќат, ако не кај нас?
Новата верзија на ковид-19 која се шири низ Њујорк, меѓу другото носи и мутација која помага да се избегне имунитетниот систем, плус најверојатно ја намалува ефикасноста на вакцините.
Се вика Рајтли (Rightly), замислена е како простор за американските десничари и вам може ви е неверојатно, ама на вработените на катарската Ал Џезира им е и неверојатно и нејасно и непријатно.
Сред пандемија која незапирливо хара низ планетава, во Јапонија падна бројот на смртни случаи главно затоа што кога решија да се пазат се пазеа како што треба.
Пекиншки суд за разводи му наредил на разведен маж да ѝ плати на доскорешната сопруга за домаќинските работи кои ги извршувала додека биле во брак. Случајот е маркантен и предизвикува големи полемики а од изречената пресуда, и двете страни можат да бидат незадоволни.
Мала, неизбрана група на директори на моќни гиганти, со секири влегуваат во просторот на слободниот говор и мисла а чирлидерки се прогресивни политичари. Што може да тргне наопаку?
Вработените во неговиот хотел во Вашингтон имале „упатство за работа“ во која прецизно биле опишани седум чекори низ кои треба да мине омилената пијачка на Трамп за да дојде до неговата уста.
21 годишна девојка од Јоркшир е најмладата жена која сама го превеслала Атлантскиот океан. Наместо некој научно изработен план за исхрана, јадела главно чоколади. Четириесет кила.
Ако нешто не лаже, тоа е видео, а на видеата кои деновиве кружат на Тикток се гледа како топки тазе собран снег не се топат кога директно ќе ги ставиш на оган. Исто така и физика не лаже, ама тоа е за тие што веруваат во физика.
Првиот американски епидемилог објави дека здравствените власти ја анализираат опцијата оние кои ја прележале болеста, да добијат само една доза вакцина против ковид-19.
САД нема да донира ниту една доза вакцини против ковид на сиромашните држави се додека земјата на обезбеди изобилие на вакцини за својата популација, е одговорот на Бајден на предлогот на Макрон.
Процената на Фејсбук е дека повеќе им се исплати да имаат помалку посети од Австралијците, отколку да им плаќаат на медиумите за вестите кои се постираат на социјалната мрежа.
Првиот човек на Обединетите нации ја оквалификува глобалната дистрибуција на вакцини како „крајно нееднаква и нефер“, а како главен аргумент за тоа е дека само 10 држави имаат потрошено 75% од глобалната залиха на вакцини.