Понекогаш, постојат федерални грантови кои покажуваат што сè не чини во научни истражувања финансирани од државата, што веќе е станато индустрија. Еден таков грант веќе е познат како “потполошки на кокаин“, пишува Ренд Пол.
Тој го обелоденува откритието на Том Кобурн за студија финансирана од Националниот институт за злоупотреби на дроги, првично помогната со 356.993 долари, за даа се испитува врската меѓу користењето кокаин и склоноста кон ризично сексуално однесување на јапонски потполошки.
Истражувањето се одолжило па траело меѓу 2010 и 2016 година, а откако бил објавени прелиминарните сознанија, студијата добила уште 517.510 долари па вкупно проектот бил поддржан со државни пари во висина од 874.503 долари.
Оперирајќи со констатацијата за „прелиминарна евиденција дека кај машки јапонски потполошки, претходно третирани со кокаин, се забележува пораст на нивната сексуална мотивација“ и користејќи ја хипотезата за постоење позитивна релација меѓу „магнитудата“ на сексуалното однесување и количината кокаин која била консумирана, како и фреквентноста на таа изложеност, студијата била оправдана посочувајќи на претходни клинички студии за корелацијата меѓу кокаинот и сексот.
Види и: