За првпат во 30 годишните испитувања на американската јавноста по оваа тема, повеќето Американци го прифаќаат еволуционистичкото толкување на светот.
Скокот е направен во последната декада, после дводецениска стагнација по тоа прашање. Меѓу 1985 и 2000 година, истражувањата покажуваат дека прифаќањето на Дарвин е закотвено стабилно на околу 40% од Американците. Денес, тоа изнесува 54 проценти.
Очекувано, образованието има одиграно клучна улога. Податоците велат дека завршувањето на еден или повеќе научни курсеви е најсилен индикатор за прифаќање на еволуцијата.
„Речиси двојно повеќе Американци имале факултетска диплома во 2018 отколку во 1988 година. А тешко е да се дојде до диплома ако се нема некаква почит кон науката,“ Марк Акерман од Универзитетот во Мичиген.
Според анализите, уделот на оние кои се сметаат за „научно писмени“ денес изнесува 31 процент додека во 1988 година биле само 11. Своја улога одиграла и смената на постарата генерација наставници и професори кои не биле највични во предавање на еволутивните механизми.
Сепак, образованието не е семоќно. Некои истражувачи сметаат дека религијата и начинот на кој таа се сфаќа останува најсилниот индикатор за одредување во однос на дилемата еволуционизам- креационизам.
И покрај позитивниот тренд, САД и натаму остануваат земја од развиениот свет со најмала стапка на прифаќање на еволуцијата. После Турција.