Замисли организираш крштевка, го поминуваш бебето низ тој, за него веројатно трауматичен ритуал, доаѓаш дома, и после некое време ти се јавуваат да ти кажат: „Не се важи, затоа што попот рекол ‘ние’, наместо правилното ‘јас’.
Филмската академија одлучи на годинешните Оскари глобалната филмска публика на Твитер (позната по својата пристојност и почит) да може да гласа за победникот во две категории.
Откако минатиот месец бесно замина од стриминг платформата бидејќи не му паднаа на уцената и целиот свој музички каталог го вдоми на други стриминг сервиси, деновиве излезе дека сепак музика од Јанг легално останала на Спотифај.
Во прогонот спроведен од највисокиот менаџмент на компанијата, ИБМ требал да биде исчистен од вработените на возраст над 40 години за да се отвори простор за младите „дигитално нативни“ вработени.
Целиот животен музички каталог на Стинг заврши кај Универзал Мјузик Груп, вклучително сите соло нумери и материјалот од Полис, за сума од 250 милиони долари.
Подолго спиење води кон помал дневен внес на калории (има логика, освен за месечари) а дебелите би можеле да изгубат не баш безначајна маса само ако си дозволат по некој екстра час сон, без да ги менуваат дневните навики на исхрана.
Тоа што го постигнаа европски научници во лабораторискиот комплекс Торус во Оксфорд веќе се нарекува револиционерен исчекор во децениски долгите обиди да се добие чиста и евтина енергија од реакцијата на чиј погон функционира добар дел од вселената. Што направиле? Лаконски, зовреле 100 литри вода „за ич пари“.
Германија е позната по тоа што нема ограничување на брзината на нејзините автопатишта, но еден чешки милионер допрва ќе треба да види каде се границите на ваквата толерантност.
Во комплицирано корпорациско купи-прекупи Си-ен-ен како дел од пакет заврши под Дискавери мрежата, а таму еден од главните луѓе што ги плаќа сметките е Џон Мелоун, донатор на Трамп и човек кој сака да стави крај на левичарската пристрасност на Си-ен-ен.
Многу повеќе пари, многу повеќе поддршка и многу повеќе слобода е јавната понуда од ЦЕО-то на Рамбл за Џо Роган и неговиот подкаст да сменат платформа.
Веќе пишавме дека на отстранувањето 70-тина епизоди на подкастот на Роган, претходеше објавување на едно педантно скоцкано видео од сите моменти кога во подкастот бил изречен зборот „нигер“ кој се доживува како расистички. Кој му го има склепано тоа видео? Некој обичен твитерџија кој не го поднесува Роган и неговата ќелаица? Работите не секогаш се така спонтани и наивни.
Јапонски научници користат суперкомпјутер за да откријат дека муабет на пола метар дистанца без маска е речиси без промашување гарантирано заразување со омикрон.
Иако не се работи за некој директен прекршок, руската редакција на ДВ на крај заврши на отстрел како одмазда за гасењето на германската верзија на руската РТ.
До пред една година, да се кажеше дека коронавирусот можеби има лабораториско потекло и дека можеби човек сепак нешто има рчкано околу тоа, по автоматизам значеше дека ќе бидете нашлакан како љубител на завери. Колку тогаш беа бучни фамозните факт-чекери, толку беа нечујни кога се смени наративот.
Џеф Закер повеќе не е претседател на Си-ен-ен откако со години пред колегите (а многу веројатно и пред сопругата) криел љубовна врска со директорка во телевизијата.
Вакцините на Фајзер за бебиња и деца на возраст од 6 месеци до 5 години ќе бидат готови далеку побрзо од очекуваното до крајот на февруари, по што компанијата во рок од неколку седмици треба да добие одобрување за две дози од вакцината за оваа група на деца.
Бадијала е да се ситиме дека мечката заигра на нивна врата, но охридскиот рамковен договор жестоко го има зајавано Холивуд. Слушнете ја оваа инсајдерска приказна за тоа како разбуденоста ја убива филмската индустрија, за стравот, квотите и другите аспекти на Рамковен Холивуд, приказна во која многумина се плашат и да си го кажат името.
Владините мерки кои опфаќаа масовно затворање на цели народи и држави по дома имале многу мало или никакво влијание врз намалување на смртноста од ковид-19 ама затоа па направиле пустош во економијата и општествениот живот, заклучува мета-студија на Џонс Хопкинс Универзитетот.
Иако вакцинацијата останува најдобра одбрана против ковид-19, јас верувам дека повеќе не е пропорционално да се бара задолжителна вакцинација за лицата ангажирани во здравствениот систем, порача британскиот министер за здравство, Саџид Џавид.
Прво Нил Јанг му даде ултиматум на Спотифај дека ќе ја повлече својата музика ако не го тргнат подкастот на Џо Роган. Потоа, Спотифај одлучи да го задржи подкастот, па Јанг ја повлече музиката. За сега ова се заокружува со „акција“ од Амазон мјузик за 4 месеци гратис претплата за сите фанови на Нил Јанг.
Старите песни во моментов претставуваат 70 отсто од музичкиот пазар во САД. Оние кои живеат од нова музика - особено загрозениот вид познат како музичар - нема многу леб да се најадат. Сиот пораст во музичкиот свет денес доаѓа од старата музика а најголемите инвестиции се во купување каталози на автори кои се или починати или имаат 70-80 години.
Шекил О' Нил важи за еден од најголемите хедонисти кои ги видела американската кошарка (Коби има кажано, да тренираше Шекил колку мене, ќе беше најдобар на сите времиња). Но, и над попот има поп. Грамадата вели дека никогаш нема да ја заборави сцената во која го запознал Принц.