Живот и забава

Тим Кук: Горд сум што сум геј

Иако никогаш ја немам негирано мојата сексуалност, никогаш јавно не сум ја ни признал, се до сега. Дозволете ми да бидам јасен: горд сум што сум геј, и сметам дека тоа што сум геј е еден од најголемите дарови што ми ги дал Господ, напиша Тим Кук во есеј објавен во Бизнисвик.

Петолетката на Марвел

Пет сосема нови наслови и пет продолженија е составот на третата фаза на Марвел, која треба да се развива во следните 5 години. Вчера беа објавени сите датум и наслови од третата фаза.

Браво Папе игумене!

Зборувајќи пред Понтифската Академија за науки, Папата Францис ги призна еволуцијата и теоријата за Големиот тресок, притоа порачувајќи дека Господ не е магионичар со магично стапче.

Математиката на имање спонзор

Приказната почнува со 44-годишниот аналитичар, Брус Бостон, кој е "социјално несмасен интроверт," што има криви заби, малку е перверзен во кревет и не е моногамен. Брус речиси никогаш не би фатил девојка, а не па згодна девојка, ако не беше неговата 6-цифрена плата што не ја штеди.

Желбата за совршенство е непријател на женскиот род

Дури и во земји како Норвешка, каде владеат одлични услови за напредок во кариерата ако сте жена, повеќето жени удираат во тн. „стаклен плафон" на преминот кон највисоките менаџерски позиции. Што им е проблемот? Сакаат да бидат совршени, а не (само) успешни.

Поевтино е да гориш пари отколку да имаш весник

Од 2000-та до 2013-та, вкупните приходи од реклами на американските весници паѓаат за 40 милијарди долари, од 63,5 на 23 милијарди долари годишно.

Студената логика на пијаниот човек

Во бар во Франција, влегува група научници со мисија (многу поразлична од вашата) - да бара пијани луѓе и да им поставува прашања за филозофија. Колку попијан бил човекот, толку попрактични му се одговорите.

Докторска рехабилитација за мастите

До сега консензусот кај нутриционистите и докторите е - штом нешто е мрсно, тогаш е штетно за здравјето, предизвикува срцеви заболувања и дебелее. Сега излегува дека консензусот е погрешен, и треба да биде речиси сосема спротивен.

И на Швеѓаните не им се верува за нас

Како што нам не ни се веруваат некои работи околу Шведска (како оваа, оваа, оваа, оваа, оваа, оваа, оваа, оваа, оваа, оваа...) така и на Швеѓаните не им се верува дека е можно во Европа да живее маж (па макар и Македонец) кој би си го отсекол пенисот.

Денешната архитектура е "чисто срање"

Френк Гери го сметаат за најславниот жив архитект на светот, ама го сметаат и за најлошиот жив архитект на светот. Нему многу многу не му е гајле за што го сметаат, само сака да го остават на раат.

Камион каков што заслужува нашиот

Најдовме камион кој апсолутно треба да му припадне на оној распеан камионџија кој за момент го натопи македонскиот интернет со позитива. Само што треба да го држи грло до 2025-та година.

Колку е лесно да измамиш луѓе со "здрава храна"

Заради општата параноја-френдли клима во која живееме и медиумски индуцираниот страв од сешто, "здравата храна" е една од оние теми кои веднаш привлекува интерес. Истовремено, темата е многу податлива за шано-мано и тоа не само во земја во која две надлежни институции со недели не можат да се согласат дали има или нема листерија. Да видите само како и експертска Европа лесно паѓа на оваа финта.

Белкињите што ловат Кенијци

Работејќи за не-профитната ЕкшнЕид, Софи Клугарт во 2009-та оди во Кенија. Таа е фасцинирана од земјата и почнува да патува низ неа и да прави репортажи. Воодушевена е по сите основи кои ги очекувала. Она што не го очекувала е низ Кенија да начека толку многу заљубени бели Европејки.

Човекот се крие во интонацијата

Што е разликата помеѓу тоа некому да му кажеш „ТИ треба да го направиш тоа", и „Ти треба да го направиш ТОА"? Ако страдате од диспрозодија - ништо.

Оваа работа бара изолација

Знаете дека на овој сајт нема да прочитате кога во Македонија се отвора нова бесцаринска зона ниту пак ќе дознаете кои сè забелешки овојпат ги има ЕУ за македонските реформи. Но, меѓу тие два информативни блока постојат куп детали што се нарекуваат живот и за кои ова е вистинската адреса. Продуцентите на најновиот македонски порно филм нè насетиле дека сме порнофили (не дека сме се криеле)  и ни понудија први да ја самозадоволиме нашата информативна глад за случувањата во оваа, кај нас запоставена, филмска гранка.

Сулуда реклама на Вирџин Америка

Досадна е до болка, трае шест часа и благо вознемирува. Ама колку и да е чудно, изгледа дека функционира.

Пилуле за лилуле

За да докаже дека хомеопатијата е шарена лага, една хемичарка решава пред камери да испие 50 хомеопатски апчиња за спиење. 90 минути подоцна....

Како Америка пропушти историска шанса да биде секси

1964-та, изборна година во САД. На маргините на главната претседателска трка меѓу Линдон Џонсон (актуелен ВД претседател по убиството на Кенеди) и републиканскиот противкандидат Бери Голдвотер, Американците добиваат шанса да замислат алтернативен пат по кој би тргнала нивната земја. Кандидат: Дизи Гилеспи. Главно ветување: Шеф на ЦИА ќе биде Мајлс Дејвис.   

Дали документарецот на Вајс за ИСИС е легален?

Летово во екот на најголемиот подем на ИСИС, Вајс успеа да сними документарец за организацијата откако еден од нивните новинари (Медјан Даири) мина 3 недели меѓу терористите, како новинар гостин кој имаше дотогаш невиден пристап до нивните активности.

А ова е овошјето пред човек да го допре

Она што денес е праска и по сите стандарди е со приближна големина на тениско топче, пред 6.000 години изгледала нешто поголема од денешната цреша. Разликата е што во меѓувреме луѓето почнале да ја одгледуваат.

Жена на жена и е шефица

Кога веќе некој мора да биде, жените многу повеќе претпочитаат да имаат шеф отколку шефица.

Екстремни факти за бракот

Бракот не мора да е само уставна категорија. Некогаш со него се занимаваат и од чисто научни потреби, тоест кога на научниците не им се оди дома.

Алибаба, шопинг катче за диктатори

На онлајн сервисот Алибаба се продаваат куп справи и алатки за мачење. На прв поглед, се купуваат за сексуални фетиши. Но, анализи покажуваат дека најсериозни купувачи се држави со диктаторски режими.

Сексот е секс, ама парите се пари

Светлана З. е 24-годишна пензионирана ескорт девојка која на 19 години доаѓа во Њујорк од рускиот град Челабинск. Во себе има 300 долари. 4 години подоцна се пензионира со 200.000 долари, сите од секс за пари. Плус, на нејзините им купила викендичка.