Генетските модификации се креваат на сосема ново ниво во 70-те години од минатиот век кога почнуваме да вадиме индивидуални гени од едни врсти и да ги инсертираме во други. Првата комерцијална употреба на генетски модификувана култура е во 1982-ра (тутун), денес една десетина од светските посеви се генетски модификувани.
Стравот околу генетскиот инженеринг е дека таквата храна може да биде штетна за нас, " нема никакви докази што би го поддржале ова - како што во 2013-та покажа златниот стандард за научни докази, систематската рецензија на повеќе студии."
Втората поплака е дека преку експериментирањето и користењето на ГМО во природата ќе протечат нови гени што би имало несносливи последици.
Дополнително прашање е во чија сопственост се генетските модификации, дали на компанијата што ги создала и патентирала, што во конкретниов случај најчесто е Монсанто, или ќе бидат ослободени за општо користење.
"Низ 20-от век сопственоста на семето полека беше пренесена од земјоделците на олигархијата на корпорациите. ГМО е во таа хегемонија во моментов, ама не во значителен дел. Поправањето на монополот на глобалниот капитализам не е научно прашање, ниту пак растечкото користење на ГМО ќе ги влоши работите. Ако ништо друго, постојаното истражување и создавање на нови генетски модификувани култури во јавниот домен само ќе ја ослабе контролата врз нив.
Време е да се одделат политичките расправии од науката за да можеме да ги искористиме бенефитите од следната генерација на земјоделство - поевтини семиња, се помала потреба од пестициди и култури со поголеми приноси," пишува Ратерфорд.