Како би изгледала глобалната еднаквост?

Ако по некое чудо, целото светско богатство најферски и најрамномерно се подели на сите возрасни жители на оваа планета, работите ќе стојат вака:

СЕКОЈ ВОЗРАСЕН ЧОВЕК НА ПЛАНЕТАВА НА СВОЈА СМЕТКА ЌЕ ДОБИЕ 56.000 ДОЛАРИ

Поголемиот дел од тоа (35.197) ќе бидат финансиски средства, плус 900 долари кеш и 13.000 долари во акции. Секој од на би добил и дополнителни 30.076 долари во имот, возила, електроника.... Така доаѓаме до вкупно 65.273 долари по чеовек.

Меѓутоа, ферски е да ги поделиме и долговите што ќе нè оптовари со по 9.000 долари, а ако се сметаат и државните долгови, дополнителни 11.000.

СЕКОЈ ГОДИШНО ЌЕ ЗАРАБОТУВА ПО 21.000 ДОЛАРИ

Цифрата е извадена преку куповната моќ ("Purchasing Power Parity") и важи за американските прилики.

НАЈБОГАТИОТ ДОМ ЌЕ БИДЕ ВО ИНДИЈА

Индиецот Зиона Чана и неговите 39 жени ќе се опарат со вкупно 2.240.000 долари. Додуша ќе имаат и долг од 370.000, ама сите 40-мина, целосно вработени, годишно ќе носат дома 840.000 долари.

НАЈМНОГУ ЌЕ ИЗГУБАТ ШВАЈЦАРЦИТЕ, НАЈМНОГУ ЌЕ ЌАРИ МАЛАВИ

Возрасен Швајцарец во моментов вкупно вреди 581.000 долари па распределбата ќе му падне најтешко (ќе остане со 10 посто од она што сега го има). А во Малави во моментов поседуваат 176 долари пер капита.

Додека да дојде тој ден, нешто да поработевме?

 

28 јануари 2015 - 14:08