Сенародна дивиденда од данок на марихуана

Кога Колорадо ја гласаше легализацијата на марихуана, еден од аргументите беше дека од продажбата десетици милиони долари ќе влезат во буџетот. Ова се оствари, претерано повеќе од она што се очекуваше, па сега мора дел од парите да му ги поделат на народот.

Уставот на Колорадо предвидува ограничувања за тоа колку пари од даноци државата може да собере, пред да треба да почне да им ги враќа на даночните обврзници. Во првата година од легализацијата тие собраа околу 50 милиони долари од оданочување на марихуаната. Данокот на марихуана е 30%.

Законот за правата на даночните обврзници од 1992-ра, не дозволува Колорадо да ги троши приходите од оданочување доколку тие растат побрзо отколку стапката на инфлација и растот на населението. По оваа основа даночните обврзници на Колорадо од 1992-ра имаат добиено околу 3,3 милијарди долари.

Според пресметките на гувернерот на Колорадо, за оваа фискална година во државата ќе биде продадена марихуана во вредност од над 1 милијарда долари. Освен парите од данокот, Колорадо проценува дека заштедиле меѓу 12 и 40 милиони долари со ослободување на полицијата од работа на кривични дела поврзани со марихуана.

 

4 февруари 2015 - 11:44