Најспорни состојки кои било ветено дека ги има, а им немало ниту траг се: женсен, ехинцеа, кантарион, лук, гингко и екстракт од палмето. Анализата била направена на суплементите кои се продаваат под брендовите на ГНЦ, Таргет, Волмарт и Волгрин. Најлошо минал Волмарт, со 4% на присутноста на ветените состојки.
Меѓу идентификуваните состојки кои не треба да се најдат во суплементот и генерално ја контаминираат формулата се ориз, грав, цитрус, аспарагус, див морков, пченица и јаглика, "во повеќе случаи, не наведените контаминати се единствениот растителен материјал најден во овие производи."
Според американски закони (а слично е и кај нас), суплементите се ослободени од ригорозните тестирања кои се задолжителни за лековите.