Деновиве излезе "Дани затворених врата", најновото од Хладно Пиво. Подеднакво свежо е и интервјуто со нив на тема панкери, бунтови, млади револуционери, панкерско брендирање...
Францускиот парламент вети дека ќе почне да се справува со "националната епидемија на фрлање храна," и за почеток им нареди на супермаркети непродадената храна (која се уште може да се јаде) да ја донираат на добротворни организации.
Може ли еден град, сосе партали, да се собере и да киниса на друго место? Го нарекуваат најрадикалниот урбан релокациски проект во овој век - шведскиот град Кируна планира да се сели. Топтан, сосе 18,200 жители.
Луѓето треба да научат паралелно да паркираат и тоа е нешто клучно што мора да се знае за урбано преживување, ама бесцелно е ова да се полага на тестот за возачка, "одзема премногу време и никој не загинал возејќи 5 км/ч."
Список на најплатените работни позиции во компанијата Тесла. Листата е од професии кои работат нешто, без церемонијалните и непродуктивни титули како човечки ресурси, среден менаџмент, процедури и најразлични директори.
Убаво и благородно звучеше она дека жената треба да се цени и по тоа што прави за семејството, како домаќинка и мајка. Во најновиот развој на настаните, таквото ценење добива форма на паричен бонус, како во компанија.
За почеток луѓето што ја истражуваат темата сакаат да истакнат дека самото постоење на машкиот пол е крајно збунувачко, по основа дека неговата работа е само придонесување на генетски материјал. Истражувано е 10 години.
Еден од нивните клучни луѓе, оној кој остана жив да ја нацрта првата насловна по шокантниот масакр во редакцијата, изјави дека го напушта сатиричниот магазин.
Мислиме на онаа специфична женска одлика која во англискиот е позната како „бичинес". Тоа е индиректна агресија којашто жените ја покажуваат кон други жени, дури и при клинички истражувања. Што па толку им згрешиле?
Она што денес е медиумска империја проценета на околу 4 милијарди долари, на која и завидува секој можен традиционален и каков било друг медиум што се обидува да ја освои младата публика, започнува со работа во 1994-та како магазин за музика и мода.
Извршниот директор на Епл имаше една едноставна порака до оние кои годинава завршуваат факултет околу нивната дилема што и како понатаму во животот: да прават нешто добро или - да им оди добро.
Има фуд трендови кои не се поднесуваат но ова, колку и да звучи блесаво, не е лошо. Дали она што му е босилекот на патлиџанот или циметот на сутлијашот, наскоро ќе им стане црниот бибер на јагодите?
Постојат луѓе кои никогаш не чувствуваат потреба да мрднат од местото во кое се насадени. А постојат други луѓе кои пак никаде и никогаш не ги фаќа место. Ако ги барате оние првите, погледнете на каучот во дневна. За вторите, во статијава.
Земјата која е глобално позната по производството на пури можеби го има и клучот за главната болест од нив. Во американски раце конечно дојде фамозната кубанска вакцина против рак не белите дробови.
Кевин Спејси има изјавено дека кога Нетфликс му пристапил за улога во „Куќа на картите" тие не му се лигавеле колку добар актер е тој, туку едноставно го информирале дека „според нивната анализа, публиката би ја гледала оваа серија". Таму каде што завршуваат компјутерските анализи, почнува да работи антрополог.
Во февруари годинава беше објавено соопштение од луѓето официјално задолжени за следење на тоа што јадат Американците, според кое холестеролот кој го консумираме во храната игра релативно неважна улога во нашето ниво на холестерол во крвта. Ова беше тектонски потрес за се што до сега се зборело и учело за исхраната.
На сите студии, истражувања и пропаднати часови и часови заради не функционирање на вградениот Шазам, научниците сега тврдат дека можеш да одглавиш песна од глава со помош на мастика за џвакање.
Изградена во Полска, смислена од шпанското архитектонско студио Барози Веига, салата на филхармонијата во Шчеќин ја добива годинешната награда за архитектура на Европската Унија. Кога нас би не прашале како што не нè прашуваат со две раце би биле за Италијанците.
Пред некоја недела "Нејкед Лејбл" сајтот за здрава, природна храна објавува нова налепница со жарко црвена печурка околу која пишува - 100% комплетно природно, а под нејзе авторката на сајтот пишува: "Не можеме да направиме подобра храна од природата." Проблемот е што печурката на сликата е крајно отровна.
Викендов се одржуваат парламентарни избори во Британија, по кои десничарските медиуми стравуваат дека следува апокалипса ако победи Ед Милибанд, првиот човек на Лабуристите.
Побожна брачна двојка од Флорида нашла иновативна техника да го проповеда божјиот збор, да ја шири евангелската мисија и да го љуби не - баш - толку ближниот свој: свингерството.