Што му се случува на твоето здравје ако не земеш одмор

Консензусот во редакција е - земи две недели одмор, па и никаде да не одиш, пак убаво е да ти се промени денот, друго е. Ова "друго е" го потврдува и медицината.

Тело
Податоци собрани во 1991-та од студија која почнува во 1948-ма, покажуваат дека жените домаќинки кои оделе на одмор еднаш во 6 години или помалку, имале два пати поголем ризик од срцев напад или срцеви проблеми, од оние кои одмарале барем два пати годишно.

Студија од 2012-та која обработува податоците од истражувања од последните 50 години, покажува дека работниот ден од 10 часа или повеќе го зголемува ризикот од срцеви заболувања за 80%.

Мозок
Долгорочната студија Вајтхол 2, следи 10.308 мажи и жени вработени во британската јавна администрација. Студијата почнува во 1985-та, а во 2012-та се објавени први резултати. Меѓу нив се заклучува и дека луѓето кои работеле повеќе од 11 часа дневно (споредено со оние по 7-8 часа) е далеку поверојатно да имаат сериозен напад на депресија, дури и претходно да немале ментални проблеми.

Шведскиот универзитет Упсала во 2013-та објави дека луѓето кои одат на одмор го подобруваат и менталното здравје на тие околу нив. Споредувајќи две статистики, број на луѓе што одат на одмор и продадени антидерпесиви, тие "откриваат мала, ама практично значајна врска меѓу поголем број на луѓе што одат на одмор и помалку продадени лекови."

Работа
Истражувања на психолози од Универзитетот Калифорнија, потврдуваат дека луѓето соочени со проблем имале далеку покреативно решенија кога им било дозволено на кратко да талкаат со мислите.

За споредба на ова е 5-годишна финска студија објавена во 2008-ма, која следи луѓе со 55-часовна работна недела (наспроти регуларните 40). Сите тие демонстрирале пониско когнитивно функционирање, вклучувајќи осиромашен вокабулар и резонирање.

"За тие што се одлучни да соберат што е можно повеќе одмори, немој да бидете обесхрабрени ако блаженото чувство ви бледее по само неколку денови од враќањето. Краткорочните бенефити може брзо исчезнуваат, ама збирниот ефект со тек на време е клучен. Како што објаснува Џесика де Блум: 'Тоа е како да кажеш - зошто спијам кога и онака пак ќе бида уморна,'" пишува Ту-Хуонг Ха во текстот за Кварц.

9 септември 2015 - 12:11