Способни ли сме да се информираме без слики?

Сè уште трае дебатата за тоа дали требаше или не медиумите да објавуваат фотографии од удавеното тригодишно Сиријче. На мета се најде и германски Билд кој реши да покаже како би изгледал весникот без фотографии.  

Денешното печатено и онлајн издание на германски Билд излезе без вообичаените впечатливи фотки на весникот.

Одлуката да се оди со ваква насловна главниот уредник ја објасни како посвета на моќта на фотографијата и одговор на критиките дека весникот не требал да ги објави морничавите слики со загинатото дете.

Смртта на малиот Ајлан Курди кој заедно со мајка му и две години постариот брат се удавија во море обидувајќи се да се префrлат во Грција на пат за Европа силно ја драматизираше бегалската криза вадејќи ја вон рамките на сувопарните статистички бројки.

Билд честопати зёнае да извади вриштечко таблоидни насловни страници но успешно го искористи овој момент за да моарлиза околу важноста на фотографијата.

"Без фотографии светот ќе остане неинформиран а слабите ќе исчезнат и ќе бидат невидливи. Без нив многу криминали ќе минеа неказнето, а немаше ни да бидат запамтени. Фотографиите се крик на светот", напиша уредникот на најчитаниот германски аутлет.

Насловна страница на Билд обично изгледа вака:

А почесто вака:

 

Денешната насловна изгледаше вака:

 

10 септември 2015 - 14:18