Студија базирана на одговори од 20.000 испитаници заклучува дека луѓето на позиција на среден менаџмент е поверојатно да страдаат од депресија, отколку тие што се над нив или што се под нив.
Во неа 18% од средниот менаџмент изјавил дека имал наплив на депресија во последните 12 месеци. За споредба кај извршните директори и сопствениците ова изнесувало 11%, а кај работниците 12%.
Оваа, не така голема, разлика се надоврзува на една ланска студија на 300.000 вработени, кои одговарале за тоа колку се среќни на работа, а потоа биле анализирани најнесреќните 5% за да се види што е заедничко за нив - најголемиот дел од нив биле среден менаџмент.
Едно од објаснувањата за јадот на оваа корпорациска каста е што тие секогаш се заглавени во средина.
"Тие често се заглавени во имплементирање на стратегии кои тие самите не ги смислиле, и мора да се осигураат дека нивните извештаи со во согласност со нив, што во пракса значи дека мора да се соочат со плачењето и кенкањето од двете страни на канцелариската хиерархија," пишува Мелиса Дол за Њујорк Магазин.