Ниту еден од водечките германски весници не ја објави фотографијата од детето.
Француски Монд, ја има првата фотографија на насловната страна, со наслов "Бегалци: Европа во шок по новата трагедија."
Уредникот на италијанска Ла Стампа има дилема околу сликата, па откако решава да ја објави на насловна, пишува: "Оваа фотографија ќе стане дел од историјата, како онаа од виетнамското девојче чија кожа беше изгорена од напалм и од момчето со кренати раце сред гетото во Варшава. Ова е последна шанса да се види дали европските лидери се подготвени за предизвикот на историјата; и шанса за секој од нас да се соочи со чувството на постоење." Насловот на Ла Стампа е: "Плажата каде Европа умира"
Турски Милиет: "Светски срам"
Американски Вашингтон пост: "Малите жртви на растечката криза"
Шпански Ел Периодико: "Уште колку долго?"
Британски Индипендент: "Нечие дете"
Грчка Ефемерида: "Што не разбирате?"
Аргентински Ла Насион: "Тага без граници"