Не беше Ленка родена за тоа пусто ВиФи

39-годишна Французинка доби право на месечен надомест од државата бидејќи не може да работи заради електромагнетска хиперсензибилност -  сака да каже алергична е на ВиФи. Од наша перспектива ова може да е прв чекор кон конечно воведување на бенифициран стаж за луѓе што сурфаат на интернет.

Марин Ричард ќе добива околу 700 евра месечно откако успеала да го убеди судот во Марсеј дека заради алергијата била присилена да се повлече од урбани средини. Заради проблемите, Ричардс е преселена во село на југот од Франција, каде што живее во плевна без струја.

Луѓето што страдаат од состојбата на Ричардс, која и понатаму е непоткрепена од медицинските експерти, чувствуваат сериозна непријатност кога се во близина на мобилни телефони, ВиФи или телевизори.

До сега ЕХС активистите (Electromagnetic Hypersensitivity Sufferers) успеаа доволно да напнат неколку локални власти, за да издејствуваат вадење на базни станици за мобилни телефони од неколку градови низ земјата. Паралелно со ова тие наводно имаат воспоставено колонии "без радијација" низ внатрешноста на Франција.

За сите останати, едно корисно видео околу ВиФи-то:



31 август 2015 - 11:31