Извештаите се дека речиси 30 мажи и жени биле најдени "како се тетерават наоколу, се тркалаат по ливадите, зборуваат неразбирливо и страдаат од сериозни грчеви." Конференцијата се одржувала во едно планинско гратче, јужно од Хамбург.
Тестовите на крвта и урината покажале присуство на дрогата 2C-E, во Германија позната како Аквараст, која во земјата е забранета од крајот на 2014-та.
Во интервенцијата за прибирање на хомеопатите учествуваат околу 150 припадници на полиција и брза помош. Полицијата требала да чека до понеделникот за учесниците малку да си дојдат на себе и да може да ги испраша што се случило.
Шпекулациите за тоа како се случило масовното халуцинирање, се движат од тоа дека или учесниците земале преголема доза од дрогата, или некој им ја подметнал, или експериментирале нешто.