И покрај запнувањето од највисоко ниво, Ши Џинпинг во повеќе наврати повторува дека во станови треба да се живее не е само да се купуваат, над 20% од вкупниот фонд на станови и куќи во Кина се празни.
Холандски пензионер започна судска постапка во која бара како што луѓе можат легално да сменат презиме или род, тој да може да ги смени годините и тоа едно 20, за да има подобри шанси на Тиндер.
И покрај тоа што знаат дека шансите им се мали, луѓето продолжуваат да се коцкаат затоа што и добивањето џекпот и губењето добивка „за влакно“ го доживуваат на подеднакво возбудлив начин.
По половина век шпекулации астрономите тврдат конечно го потврдиле постоењето на две месечини кои орбитираат околу планетава. Само за разлика од оваа што ја знаеме, овие две се целосно составени од прашина.
Египтолозите откриваат рампа чиј излгед и постоење помага да се објасни како се местени големите камени блокови, а тоа да не се вонземјани, патување низ времето или која и да е конспирација.
Зданието се наоѓа во Бел ер, населбата во Лос Анџелес, има над 3.500 метри квадратни во кои меѓу другото се сместени 12 спални соби и 21 купатило, а купувачот од газдата добива и гратис хеликоптер.
Човечката интервенција во просторот го носи останатиот жив свет во таков размер на уништување и геноцид кој не е виде претходно. Ние сме првата генерација која го знаеме тоа и последната која може да стори нешто пред да е предоцна.
Првиот човек на Тесла лично го отфрлил барањето на своите вработени компанијата да почне да произведува електрични скутери, со објаснување дека на тротинетите на батерии не се достоинствени.
Една многу примамлива логика вели дека путерот (и останати заситени масти како месо, сало, млечни производи) се погрешно осудувани како штетници, и дека целата вина треба да падне на шеќерот. Не е баш така како што звучи.
Она што ги спојува двата спротивставени политички табора во САД е што имаат сексуални фантазии со ист интензитет. Ама кога станува збор за содржината, тука веќе сериозно се разликуваат и тој избор изгледа има врска со нивните партиски и иделошки вредности. Не сме особено љубопитни да ги откриваме локалните сдсм-вмро специфики бидејќи некако е јасно кој во нивните глави е ебаната страна.
Овие краволики антилопи баш и не ги краси памет; реакциите им се предвидливи а бегањето праволиниско. Но биопсија на нивните ножни мускули покажува дека имаат тие со што да се гордеат. И дека во право биле старите кога викаат „кој нема во главата, има во нозете“.
Пред да добие залет и религиозно посветени следбеници, авансно да проговориме за нешто што се вика - алкална вода. Производот треба да е нешто на раб на еликсир на животот, и во јавност има силен грб (Бијонсе, Том Брејди), а во науката не баш.
Еден од најдрагите ликови во култната серија најверојатно тивко ќе го снема од Симпсонови. За да немало контроверзи. Убаво вика Мат Греининг: „Живееме во време кога луѓе обожаваат да се преправаат дека се навредени“.
Од мисиите Аполо кои одеа на Месечината, на пораките им требаа од 2,5 до 2,7 секунди да се пренесат преку радио бранови. Онаму каде што ќе кинисаат едни двајца, ќе бидат потребни околу 7 секунди.
За култниот јапонски режисер, Френсис Форд Копола има кажано: „Она што го разликува Куросава од сите други е што тој нема направено едно или две ремек дела. Тој има направено осум!“
Старите аналогни часовници некогаш знаеја ничим изазвани да запрат да работат иако беа прописно курдисани. Понекогаш тој проблем знаеше да се реши со обично протресување. Ќе го протресеш саатот нервозно и ете ти ја стрелката од секундарникот, продолжува да врти ко ништо да не било. Исто чаре било и за Хабл, телескопот кој кошта речиси три милијарди долари.
За да ги зајакне образовните стандарди, канадската провинција Онтарио реши дека за да ја добијат потребната лиценца, кандидатите за наставници во иднина ќе мора да положат тест по математика. Базичен, најбазичен.
Следната смртоносна пандемија нема да се случи затоа што човештвото е слабо со превентивни научни методи и техники туку затоа во ова дигитално време, луѓето меѓусебно лесно се заразуваат со лажни информации и глупоштини.