Мистериозната и смротоносна кандида лови луѓе со ослабен имунолошки систем и тивко се шири по целата земјина топка. Има удрено во пренатална установа во Венецуела, бељи направено во шпанска болница, има затворено престижен британски центар за интензивна нега, фаќа корења во Индија, Пакистан и Јужна Африка.
Човек во Синај починал после 90 дена борба со неа. Таа не. Тестовите покажале дека ја има ама баш на секој површина со која тој дошол во допир. Позитивни биле ѕидовите, таваните, перниците, рамките на крветот и прозорците, чешмите, лавабоата, телефоните.... Биле принудени интервентно да набават специјална опрема за дезинфекција и морале да срушат делови од подот, ѕидовите и таванот за да ја истребат, пренесува Њујорк Тајмс.
К. аурис е една од оние бељи на кои разумни луѓе со децении предупредуваат: дека претераната употреба на антибиотици ги прави бактериите и габите отпорни на нив. Тие гадови постојат овде милиони години и не се одјавуваат од оваа планета така лесно. А проблемот има и класна димензија.
На почеток најсмртоносни се за оние лица со компромитиран имуно систем: новороденчиња, стари, пушачи и дијабетичари, луѓе со авто-имуни проблеми кои земаат стероиди за да ја потиснат одбраната на организмот. Но, познавачите предупредуваат дека после ова, ваквите тн „супер-бубачки“ ќе прејдат кај поздравата популација.
Британска студија процени дека доколку веднаш не се сопре непотребното и претерано користење антибиотици, од инфекции од отпорни бактерии и габи, до 2050-та година ќе умрат 10 милиони луѓе ширум светот.
*****
Види и:
Чекориме кон пост-антибиотска апокалипса
Триперот се враќа, појак од кога и да е