Американец ги тужи своите родители затоа што му ја уништиле неговата порно колекција. Неговиот идентитет и возраст не се откриваат но веројатно се работи за зрел човек бидејќи проблемот настанал по неговиот развод.
Елем, откако се оставил, отишол да живее малку кај неговите. Им кмишел 10 месеци па нашол свое место. Овие му ги донеле работите но меѓу нив го немало она кое многу му значи - долги години собирана и чувана колекција од фото и видео порно материјали кои ги држел во 12 големи кутии за селење.
Тужителот тврди дека колекцијата вреди минимум 29.000 долари но поради емотивната и друга вредност која таа за него ја има, бара неговите стари да му платат отштета од 87.000 долари.
Таттко му објаснува дека тоа го направил за негово добро и дека истото би го сторил и ако му нашол кило дрога. Башка, објаснува дека син му уште во средно имал проблеми со законот дилајќи порно материјали.