Просечното казанче во овој дел од светот троши околу 6 литри вода, а возрасен човек во просек оди по мала нужда по 7 пати во 24 часа. Тоа значи дека на уринирање на ден трошиме по 42 литра вода. Претпоставувајќи дека овој просек држи низ целата година, ова значи дека годишно само за мочање просечниот човек користи 15.330 литри вода.
Кога 100 милиони луѓе, нешто повеќе од 10% од популацијата на Европа, би решиле едно мочање на ден да го искомбинираат со туширање, континентот би заштедил 600 милиони литри вода на ден. На годишно ниво ова ќе достигне количина од 219 милијарди литри вода.
За споредба, 50-метарски Олимписки базен собира околу 2,5 милиони литри вода.