Се работи за брендот Хол ерт, и неговиот путер од 3 јаткасти производи кој, и покрај тоа што на него е напишано дека е составен од кикирики, пекан и ореви, ќе треба да се прелепува со нови етикети затоа што го прекршил законот според кој на теглата мора да има предупредување на англиски за алергија на кикирики.
Откако го објавија повлекувањето, британската Агенција за стандарди во храната даде и јавно предупредување до сите што ги имаат купено путерот дека тој го содржи тоа што го пишува на теглата (кикирики, пекан, ореви) и ако човек е алергичен на нешто од ова тогаш не треба да го јаде.
Сите корисници кои се алергични на јаткасти производи, а го купиле путерот од јаткасти производи, ќе можат истиот да го вратат во матичниот супермаркет и парите ќе им бидат надоместени.
И производителот Кало ја призна грешката дека на производ кој се вика „Путер од 3 јаткасти производи“ не напишале дека предизвикува алергија на јаткасти производи, па објавија дека по допишување на дополнителното објаснување на етикетата теглите ќе бидат вратени во британските супермаркети.