Живот и забава

Бајден им даде уште 5 години амнестија на Фајзер и Модерна

Во последните денови од своето владеење администрацијата на Бајден одлучи во траење на цел мандат на Трамп да ја продолжи заштитата од тужби за повреда или смрт за производителите на вакцини.

Оземпик ја истенчи Америка

За прв пат во последнава деценија бројот на дебели луѓе во САД не само што не продолжил да расте туку и се намалил, и по ново излегува дека за тоа најверојатно е одговорен Оземпик и нему слични.

Луѓето сакаат цртани

Порнхаб ја обелодени својата најнова листа на најпребарувани поими. Долгогодишниот шампион е симнат од тронот. Лезбејка, терминот кој неколку години го држеше првото место, во последната година е паднат на четвртото место. А ние изгледаме старееме, бидејќи иако порнофили, некои нови термини веќе не ни се јасни. Што е бре „скромен секс“?

Водечки доктори бараат итно суспендирање на сите мРНК ковид вакцини

Се бара сеопфатна ре-евалуација на генетски базираните вакцини кои во пандемиската паника добија итни дозволи за употреба. Се бара темелно и независно да се проценат и краткорочните и долгорочните ефекти врз здравјето. Се бара професијата да признае дека малку се подизгуби од патот и дозволи да се дојде до дереџе да се гуши научната дебата. А дотогаш, да се сопре со ваквите вакцини.

Само 6% од американските административци одат на работа

Извештај составен за американскиот Конгрес открива дека само 6% од федералните вработени се појавуваат на работа во канцеларија на целосно работно време. Исто така, околу една третина од сите административци целосното работно време го отслужуваат од дома.

Празничните свеќи се поштетни од цигари

Палењето новогодишни или какви било миризливи свеќи значително го влошува квалитетот на воздухот во просторијата и во одредени случаи е поштетно за белите дробови отколку пасивното вдишување чад од цигари. Истото ова важи и за миризливи стапчиња.

Се продава бело платно за 1,5 милион евра

Бело платно со бела рамка, со димензии 132,1 х 132,1 е ставено на понуда во аукциската куќа Кетерер. Очекувањето на аукциската куќа е дека оваа ставка од каталогот ќе ја продаде за 1,5 милиони евра.

Како денес се држат тврдењата од ковид војните?

Ковид војната трае и во оваа 2024-та година. Само што улогите сега се променети и главниот збор во ерата на вториот Трамп ќе го имаат оние кои во времето на Ентони Фаучи и администрацијата на Џо Бајден беа исмејувани како неодговорни ширачи на завери и недоверба кон институциите. Да видиме што денес се знае за пет клучни ставови околу кои толку жестоко се кршеа копјата во пандемијата. 

Новинари од Европа го напуштаат Икс

Европската федерација на новинари, организација која тврди дека ги застапува интересите на 320.000 свои членови, најави дека од професионални и иетички причини ќе ја напушти платформата на Илон Маск на симболичен датум, 20-ти јануари, кога треба да биде инаугуриран новиот американски претседател, Доналд Трамп. Чекајте малку, Европа има 320.000 новинари? Па кај се, побогу?

Нема живот од Марс

Заради едно погрешно произведено чоколатце Марс, човек од Англија добил и слава и пари како отштета односно компензација. Само што не знаеш што е понекорисно од тие две работи кои ги добил: славата, која е интернет слава (една од најзалудните цели во животот) или парите за обештетување кои изнесуваат цели две фунти.

Леми трајно ќе заврши во стриптиз клуб

Откако почина пред девет години и потоа беше кремиран, дел од пепелта на Леми Килминстер која не заврши во куршуми (ќе се објасниме подолу) беше изложена во неколку негови омилени места на оваа планета. Време е да се скраси во најомиленото- стриптиз клубот Стринџфелоус во Ковент гарден во Лондон. Освен пријателството со газдата, на Леми во стриптиз клубот најмногу му се бендисувал погледот што го имал.

Има ќар и од тврда вода

Точно е дека тврдата вода и бигорот предвреме расипуваат бојлери и машини за садови и алишта, ама не се тие само за критика. Кинески научници утврдиле дека токму калциум карбонатот, на температура на која врие водата, е оној кој на себе ја врзува микропластиката која ја има насекаде. Ќе потсетиме, денес нема тестис без микропластика.   

Сајентифик Американ во челуста на идеологијата

За време на пандемијата, науката претрпе сериозни последици по својот вековен углед, кога институции кои требаше да ја бранат нејзината слобода и право на сомневање, влегоа во лов на сите кои го преиспитуваа доминантиот наратив за потеклото на вирусот. Тоа не беше единствениот греев на угледен магазин како Сајентифик Американ, ама нервите им ги докина Трамп.

Вселена: Го праќаш Обама, ти се враќа Бајден

Научниците го проучувале когнитивното однесување на астронаутите кои поминале шест месеци на Меѓународната вселенска станица и дошле до некои фасцинантни, но истовремено и загрижувачки откритија. Нешто не е во ред со мозокот на астронаутите за време на таа половина година мината во ниската орбита на Земјата.

И од еднаш се станува

Повеќегодишна вегетаријанка десет години не сакала да пипне месо од етички причини. Сета таа увереност паднала во вода за време на бременост кога станала анемична а телото почнало да ѝ бара нешто друго од она што стандардно го јаде. Пробала бургер и веднаш се навлекла. Денеска е месар. 

Драги уролози, брцавте што брцавте

И да ја игногираме нелагодноста која мажи ја чувствуваат околу прегледот на простата кој се изведува „така како што се изведува“, екстремно чудно е што на онака развиена и софистицирана медицинска технологија од секаков вид, врвот на прстот на еден уролог останува негова најсигурна дијагностичка алатка. На радост на оние мажи за кои она позади е излез а не влез, на повидок се промени во оваа област.

Жени умираат заради нереалистични кукли

Повеќето CPR кукли на кои луѓе се обучуваат давање прва помош немаат гради (облик на торзо кое во народните песни е опишано како „твојта рамна снага“), што во крајна линија доведува до тоа жените да имаат помала веројатност да добијат прва помош за спасување од случајни минувачи и така да преживеат инфаркт. Незгодно им е на луѓето да пипкаат.

Воскресе, ВИстина воскресе

Во црква во Луцерн, Швајцарија, во просторијата за исповед, отаде онаа решетка што постои меѓу  верникот и свештеникот, од пред некое време свети Исус. Не само што свети туку и внимателно слуша што се кажува во кабината и попат одговара на љубопитни прашања. Се работи за Исус на погон на вештачка интелигенција. Верници би рекле, си го бараат со боринче.

Мамо, кој чука на порти? Орвел, ќерко, Орвел

Познатата британска феминистичка писателка Џули Биндел влезе меѓу оние на кои полицијата им тропнала на врата за, како што се испостави, една од анонимните поплаки за „злосторство од омраза“ со кои се гонат објави на социјалните мрежи. Интересно во нејзиниот случај е што не можела да дознае конкретно што и конкретно кому тоа му згрешила.

Човекот кој моли да копа по депонија

Покрај оној легендарен „пица бој“ лузер од Флорида кој си купил пица со биткоини кои денес вредат стотици милиони долари, Њупорт во Англија има свој еквивалент. Случајно го фрлил хард дискот на кој имал биткоини кои денес вредат преку 500 милиони фунти. Цела деценија го моли градскиот совет да му даде дозвола да копа по депонијата а и процент им нуди. Не па не.  

„Воук кокаин“ за прогресивни шмркачи

На Британците кои сакаат да си ја олеснат совеста затоа што горивото за нивната кокаинска навика, додека дојде до кај нив, носи и крвопролевање и жртви, сега се мета на цинични но досетливи дилери на дрога. На таквите разбудени џанаци им продаваат „етички кокаин“ чие потекло и производство наводно не е морално спорно и доаѓа од „одржливи извори“. А овие безпроблем  ја шмркаат и таквата глупост.  

Оземпик да ти бил добар и за алкохол

На лекот за дијабетес кој стана популарно средство за слабеење, му нашле уште една употребна вредност што може да им помогне на милиони луѓе. Студија во Шведска покажала дека луѓе кои користат Оземпик имаат помали шанси да завршат во болница поради злоупотреба на алкохол. Накратко, со Оземпик нит ти се јаде, нит ти се пие. За секс уште не се знае.

Ако не можеш да веруваш на комора за самоубиство, на кого можеш?

Жена која решава легално да си го одземе животот во Швајцарија со помош на Сарко комората за самоубиство, по успешната процедура е најдена со белези на давење на нејзиниот врат.

Медиумски мршојадци заработуваат на трагедии

Падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад и смртта на четиринаесет лица очекувано привлече големо внимание не само во Србија туку и во регионот. Не секогаш тоа беше со човечки и здрави медиумски мотиви. Еден хрватски медиум некако се досетил како да заработи од оваа несреќа. Ќе бил прозорец за вистината за несреќата бидејќи во Србија била тотална цензура.