Offside

Во средината на јули Џани Инфантино имал поддршка од повеќе од 200 од вкупно 211 национални федерации а меѓу членките на УЕФА за него поддршка потпишале 50 од 55 членки. После само неколку дена европските федерации почнаа да му откажуваат поддршка по скандалозниот план на Швајцарецот да го приватизира Светското првенство и да продава акции како приватна фирма.

Манчестер Јунајтед изигран од 5 фудбалери

Тимот на Ван Гал сезоната ја заврши на четвртото место во Премиер лига, а со тоа обезбеди пласман во квалификациите за Лига на шампиони. Менаџерот на Јунајтед почна активно да работи на трансфер пазарот, но го одбија неколку звучни имиња.

Потег на денот на Вимблдон

Австралиецот Лејтон Хјуит се збогува од најпрестижниот Гренд слем уште во првото коло, а големата борбеност и пожртвуваност ја покажа и на 34 години.

Поради алчниот Жервињо Рома извиси за 13 милиони евра

Рома сигурно сметала на 13 милиони евра колку што требал да исплати клубот Ал Џазеира за Жервињо. На крајот, фудбалерот сакал услови кои дури ни шеиците не можеле да му ги исполнат и договорот пропаднал.

Тандем од Барселона ќе го предводи нападот на Анталија

Откако министерот за надворешни испрати авион за Ето во Италија, во истиот клуб доаѓа уште една голема ѕвезда. Тоа е Роналдињо по кој ќе збеснат турските навивачи.

Последниот Вимблдон на големиот борец

Шампионот на Вимблдон од 2002. година, Австралиецот Лејтон Хјуит загуби во првата рунда од Јарко Ниеминен со 3-2 во сетови и на тој начин се прости од местото на кое најмногу сакаше да игра тенис.

Скопје избран за домаќин на УЕФА Супер купот 2017

Освојувачот на Лигата на шампионите и победникот во Лигата на Европа за 2017. година ќе се сретнат во Скопје, изјави синоќа рускиот министер за спорт Виталиј Мутко.

Игра во НБА, командува со српски клуб и навива за Федерер

Србите овој месец станаа Светски прваци во фудбал за играчи до 20 години, а синоќа жените им донесоа Европска титула во кошарка (Ние едно време во ракетно моделарство бевме најдобри). МВП на првенството е симпатичната Ана Дабовиќ која чува лабело под дресот.

Додавање на сезоната

Палмеирас славеше над Сао Паоло со 4:0, но за домаќините секоја топка беше важна па дури и кога изгледаше дека е загубена. Аргентинскиот напаѓач Џонатан Кристалдо им покажа на Бразилците што значи снаодливост.

Наместив пет натпревари, секој по 100 илјади евра

Откако италијанската јавност откри дека Катанија сезонава купувала натпревари за да остане во Серија Б, денес претседателот на овој клуб и официјално признал на суд дека местеле. Спортскиот директор го прави газдата ненормален.

Кој е Бразилецот кој Мурињо им го украде на Барса и Манчестер

За 19 годишниот Роберт Кенеди од Флуминенсе велат дека по потезите и брзината наликува на Нејмар, а според силината на Хулк. Жозе Мурињо ја искористи казната на Барселона која не може да пазари играчи и им го лапна пред нос.

Новите чирлидерки на Атланта Хокс

Симпатичните и атрактивни девојки кои се грижат за забавниот дел за време на паузите на секој натпревар се бираат секоја сезона по пат на аудиции. Хокси ги претставија новите 30 за сезоната 2015/2016 во која сè уште не знаеме дали Перо Антиќ ќе биде дел од неа.

Чиле им пуштил дрон, Перу го прекинал тренингот

Во пресрет на полуфиналето против домаќините селекторот на Перу, Гарека го прекинал тренингот откако видел дрон и за тоа го обвинува селекторот на Чиле, Хорхе Сампаоли.

Како јагодите станаа најпопуларно јадење на Вимблдон

Минатата година публиката на најпрестижниот тениски турнир изеде 28.000 килограми јагоди со 7.000 литри шлаг, сето тоа послужено во 142.000 порции.

Епскиот маратон што ги спои Џон Изнер и Николас Мау

Тенисерите кои пред пет години влегоа во историјата како играчи кои играле најдолг меч на Вимблдон, станаа блиски пријатели кои планираат да бараат доживотна вајлд-карта на Ол Ингланд клубот.

Триаголникот на Фил Џексон во фудбалска верзија

Фудбалерите на Реал Солт Лејк го имаат најизвежбаниот слободен удар кој по три додавања го претворија во гол. 

Убиен златниот ретривер на Даниел Агер

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул се соочи со несреќа, откако неговото куче не го преживеа третманот за сушење на влакната.

Ново шоу на Мамињо

Навивачите на Динамо со години го бојкотираат клубот и бараат оставки, но Здравко Мамиќ има порака за нив со песната Не може нам нико ништа.

Проблемот со музички концерти на фудбалски терени

Фудбалските стадиони се идеални за музички концерт, но така не мислат и клубовите кои ги трпат штетите од оштетените тревници, дренажи и трибини.

Исклучи камера, доаѓа Гвидети

Репрезентацијата на Шведска до 21 година ќе игра во финалето на Европското првенство, откако убедливо со 4-1 ги совлада соседите од Данска. Јон Гвидети после мечот требаше да даде интервју, но...

Излажи дека си драфтуван и ќе те гледаат како крал

Доволно е да си висок, добро граден и да кажеш дека Јута Џез те избрала како 42. пик на драфтот. Ќе те частат кај и да влезеш, девојки ќе ти даваат број и ќе ти нудат дружба. Само затоа што си „пик“ на драфтот а тие слепо ти веруваат.

Големото срце на Новак Ѓоковиќ

Светскиот рекет број еден уште еднаш ги покажа своите човечки квалитети, откако се дружеше и поигра тенис со 7-годишно дете кое боледува од ретка болест. Во понеделник Ноле го почнува Вимблдон против Колшрајбер.

Стој на раце

Бакри Ал Мадина од Судан дојде до нова идеја за радување на гол .Тој не само што стоеше на раце како што правевме на физичко, туку и одеше.

Александар и Иван во битка за првата позиција на Типстер

Втората сезона на Типстер завршува веднаш по финалињата на Копа Америка и Светското фудбалско првенство за жени.

Црвено-црните девојки одат на Хипо и Митјиланд

Ракометарките на Вардар вечерва ги добија противниците во групната фаза од Лигата на шампионите. Индира Кастратовиќ задоволна од исходот и верува дека нејзините избранички сигурно ќе чекорат до Фајнал форот.