Арсенал за скоро секој меч минатата сезона во Премиер лигата објавуваше дека Емирати е целосно распродаден, но се поставуваа прашања зошто тогаш и натаму има празни столчиња.
Проблемот е во тоа што бројките на посетеност кои излегуваа од клубот се базираа на продадени карти заедно со тие што имаа годишни билети, без да знаат дали за одреден меч луѓето биле на стадион.
Оваа математика се коси со речиси сите податоци кои ги има полицијата за тоа колку луѓе всушност влегувале на Емирати. Ист е бројот на навивачи само на средбите против Стоук, Евертон и Тотенхем.
Против Свонси и Сандерленд, според Арсенал имало над 5.000 навивачи повеќе од реалната бројка, а на мечевите со ВБА и Ливерпул разликата е над 3.000. Капацитетот на Емирати е 60.338 седишта.
Арсенал во Премиер лигата ги нуди едни од најскапите карти, а Фудбалската федерација на навивачи минатата недела протестирираше и бараше за сите гостувања цената на картата да биде фиксна и да изнесува 20 фунти за да биде подостапна за пошироката маса.